Лицемерие
Лицемерие,[1][2] лицемерство,[3][4] дволичност[5] или хипокризија[6][7] (од грчки ὑποκρίνομαι „да се преправа“) — став, однесување или порок на личност која доброволно се преправа дека поседува верувања, мислења, доблести, идеали, чувства, емоции кои во реалноста не ги поседува. Тоа се манифестира кога личноста се обидува да измами други луѓе со такви изјави и затоа, тоа претставува еден вид лага.
Важно е да се разликува лицемерието од едноставната неспособност на човекот да ги стекне или да ги применува доблестите што ги смета за корисни, дури и ако истите, иако тој се смета себеси за неспособен да ги постигне овие цели, може да им го предложи на другите вистинскиот пат. На пример, лице кое претерува со алкохолот не може да биде обвинето за лицемерие ако ги советува другите да не пијат освен ако не е постојано трезен.
Психологија на лицемерието
[уреди | уреди извор]Во психологијата, лицемерното однесување е тесно поврзано со фундаменталната грешка при припишувањето, во која поединецот се наведува да го објасни и оправда своето или нејзиното однесување дека во голем дел се должи на општествени и надворешни причини, притоа припишувајќи ги постапките на другите на вродени одлики.
Некои луѓе наивно прават грешки во проценката во однос на нивните карактерни однесувања, кои ги проектираат на другите, залажувајќи се себеси. Според психологијата на Јунг, овие грешки се должат на недостаток на познавање на темната страна на потсвеста .
Теоретичарите, општо го толкуваат психолошкото лицемерие како несвесен одбранбен механизам, а не како намерна измама.
Лицемерието и недоследноста се ставови кои се многу слични еден на друг и истовремено многу различни: лицемер е оној кој се обидува да ги одбрани своите постапки со зборови кои се неадекватни и немаат допирна точка со делата, недоследна личност е личност која е неодлучна затоа што таа е погодена од надворешна ситуација (на пример треба да се избере да се следи своето срце или својата глава) и многу често прави погрешен избор, па затоа е принудена да се сврти (метафорично кажано) да го следи другиот пат дури и ако е свесна дека грешката што ја направила не може да се поправи.
Поврзани ставки
[уреди | уреди извор]- Викторијански морал
- Однесување
- Психологија
- Двоен стандард
- Двојно размислување
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „лицемерие“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „лицемерие“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „лицемерство“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „лицемерство“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „дволичност“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „хипокризија“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „хипокризија“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
Други проекти
[уреди | уреди извор]Повеќе за Лицемерие на збратимените проекти на Википедија | |
Дефиниции и преводи на Викиречник ? | |
Податотеки на Ризницата ? | |
Образовни ресурси на Викиуниверзитет ? | |
Новинарски известувања на Викивести ? | |
Мисли на Викицитат ? | |
Изворни текстови на Викиизвор ? | |
Прирачници на Викикниги ? | |
? | Информации за патување во Википатување ? ? |
- Wikiquote содржи цитати за citazioni di o su ipocrisia
- Wikizionario contiene il lemma di dizionario «ipocrisia»
- Wikimedia Commons contiene immagini o altri file su ipocrisia
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|