Липа (пара)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Липахрватска парична единица, стоти дел од една куна

Издадени се само монети и тоа во апоени од 1, 2, 5, 10, 20 и 50 липи. Сите монети на аверсот имаат бројна ознака на вредноста и гранче од липа во цут, додека на реверсот на секоја монета се наоѓа друго растение. Имињата на растенијата во непарните години се испишани на хрватски јазик, а во парните години на латински јазик.

Опис[уреди | уреди извор]

Слика Износ Пречник Маса Состав на легурата Реверс Година на
прво издавање
1 липа 17 mm 0,7 g легура од алуминиум и магнезиум
пченка
1993
2 липи 19 mm 0,92 g легура од алуминиум и магнезиум
винова лоза
1993
5 липи 18 mm 2,5 g челично јадро обложено со легура од бакар и цинк
даб лужник
1993
10 липи 20 mm 3,25 g челично јадро обложено со легура од бакар и цинк
тутун
1993
20 липи 18,5 mm 2,9 g челично јадро обложено со легура од железо и никел
маслина
1993
50 липи 20,5 mm 3,65 g челично јадро обложено со легура од железо и никел
велебитска дегенија
1993

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]