Лепра

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лепра
Leprosy.jpg
24-годишен маж од Норвешка, заболен од лепра, 1886 година.
Класификација и надворешни извори
Специјалностзаразна болест[*]
МКБ-10A30
МКБ-9030
OMIM246300
DiseasesDB8478
MedlinePlus001347
eMedicinemed/1281 derm/223 neuro/187
MeSHD007918
Esculaap4.svg    Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување
во врска со темите од областа на медицината (здравјето).



Лепра (од гр. λέπι, рибја кожа) е хронична инфективна болест позната од античко време.[1] Позната е и како Хансенова болест. Предизвикувач на оваа болест е бактеријата Mycobacterium leprae,[2][3] која денес може успешно да се лечи со антибиотици. Времето на инкубација на оваа болест трае од неколку месеци до 40 години. Лепрата не е лесно заразна болест. За да се пренесе од еден на друг човек потребен е долготраен контакт со заболен.

Симптоми[уреди | уреди извор]

Симптомите на лепрата варираат во голема мерка од пациент до пациент. Главниот симптом е умирање на нервите и промена на крвните садови поради згрутчување на крвта.[4] Заболениот губи чувство за ладно, топло и болка. Поради ова, заболените често се повредуваат и се инфицираат без да почувствуваат болка и потреба од лекарска помош. Лепрата не убива директно, туку смртноста е последица од ваквите секундарни инфекции.

Епидемиологија[уреди | уреди извор]

Случаи на инфекција со лепра во светот, 2003 година.

Оваа болест сè уште не е искоренета, но е ограничена и е под контрола. Најголем број случаи на заболени од лепра денес има во Индија и Мјанмар. Лепрата е проблем и во Африка (Мозамбик, Танзанија) и Бразил. Годишно се регистрираат 230.000 до 270.000 нови случаи во светот (состојба од 2008 година).

Лепрата како мотив во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

  • „Лепрозен“ (The Leper) - песна на американската рок-група „Дајносор“ (Dinosaur) од 1985 година.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Holden (2009). „Skeleton Pushes Back Leprosy's Origins“. ScienceNOW. Посетено на 2010-01-31.
  2. Sasaki S, Takeshita F, Okuda K, Ishii N (2001). „Mycobacterium leprae and leprosy: a compendium“. Microbiol Immunol. 45 (11): 729–36. PMID 11791665.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  3. „New Leprosy Bacterium: Scientists Use Genetic Fingerprint To Nail 'Killing Organism'. ScienceDaily. 2008-11-28. Посетено на 2010-01-31.
  4. Kenneth J. Ryan, C. George Ray, editors. (2004). Ryan KJ, Ray CG (уред.). Sherris Medical Microbiology (изд. 4th.). McGraw Hill. стр. 451–3. ISBN 0838585299. OCLC 52358530 61405904 Проверете ја вредноста |oclc= (help).CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  5. DISCOGS, Dinosaur* ‎– Dinosaur (пристапено на 30.7.2020)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Класификација
П · Р · П
Надворешни извори