Ламасу

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бик со крила и глава на човек, познат и како Шеду од Дур-Шарукин. Универзитет во Чикаго, ориентален институт, нео-ариски период, околу 721-705 г. п.н.е.

Ламасу (клинесто писмо: AN.KAL; сумерски: dlammař; акадски: ламасу; понекогаш наречен ламасус[1][2]) е асирски бог заштитник, често претставен со глава на човек, тело на вол или лав, и крила на птица.[3] Во некои записи, прикажан е како женско божество.[4][5] Поретко користен термин за ова божество е шеду (Клинесто писмо: 𒀭𒆘, AN.KAL×BAD; сумерски: dalad; акадски, šēdu; хебрејски: שד) со кој се именува машкиот ламасу.[6]

Големите ламасу фигури, со висина и до речиси пет метри, се спектакуларни експонати на асирското вајарство, и се смета дека се најголемите фигури направени од човек.

Иконографија[уреди | уреди извор]

Ламасу во Лувр.

Во уметноста, фигурите ламасу се претставени како хибриди, било да е тоа бик или лав со крила, и со човечка глава, на маж. Мотивот на крилесто животно со човечка глава е вообичаен на Блискиот Исток, за првпат забележан во Ебла околу 3000 година п.н.е. За првпат мотивот на ламасу се појавува во Асирија за време на владеењето на Тиглат-Паласар II како симбол на сила.[7][8]

Вајарството во Асирија вообичаено поставувало по две фигури ламасу на влезот од палатите, кои се свртени кон улицата, но и кон внатрешниот двор. Гледани од напред, личело дека стојат, а гледани од страна, дека се движат. Во првите верзии, ламасу е претставен со пет нозе, како што изгледаат и кога се гледа на нив од косо. Ламасу не се вообичаено огромните фигури околу собите на палатата, каде вообичаено се поставувале фигури на крилест гениј, но понекогаш се појавуваат во релјефите, како заштита за Асирците.[9]

Во палатата на Саргон II во Корсабад, група од седум ламасу и двајца херои со лавови, се наоѓаат околу влезот на просторијата во која е тронот, што претставува „концентрација на фигури што оставаат голем впечаток на моќ“.[10] Тие исто така се појавуваат на цилиндричните печати. За значајни примероци се сметаат: оние од Портата на сите народи во Персеполис во Иран, како и во Британскиот музеј во Лондон, музејот Лувр во Париз, Националниот музеј на Ирак во Багдад, музејот Метрополитен во Њујорк и Ориенталниот музеј во Чикаго. Неколку примероци се оставени во северен Ирак, но уништени се во 2010 година од страна на ИСИС, кога ја окупирале таа област.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Kriwaczek, Paul. Babylon: Mesopotamia and the Birth of Civilization, p. 37.
  2. http://www.torrossa.it/resources/an/2401509#page=241
  3. Livius.org
  4. Beaulieu, Paul-Alain. The Pantheon of Uruk during the Neo-Babylonian Period. https://books.google.com/books?id=v-WRJhvfudIC&pg=PA137&dq=Lamassu&hl=en&ei=6xp-TOPRKMTIcc7I8NAJ&sa=X&oi=book_result&ct=result&resnum=2&ved=0CC8Q6AEwAQ#v=onepage&q=Lamassu&f=false. посет. 9 декември 2010 г. 
  5. „The Pennsylvania Sumerian Dictionary“. конс. 9 December 2010. 
  6. Black, Jeremy; Green, Anthony (2003). An Illustrated dictionary, Gods, Demons and Symbols of Ancient Mesopotamia. The British Museum Press. ISBN 0-7141-1705-6. 
  7. History - Mesopotamia“, BBC.
  8. „Lamassu“. ancientneaeast.net. 
  9. Frankfort, 147-148
  10. Frankfort, 147-148, 148 quoted