Сумерски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Сумерски јазик
𒅴𒂠
eme-g̃ir, eme-gi
Застапен во Сумер и Акад
Подрачје Ирак (Месопотамија)
Ера Потврдено постоење околу 3000 години п.н.е. Изумрел околу 2000–1800 г.п.н.е.; користен како класичен јазик до околу 100 година наша ера.
Јазично семејство
Писмо Клинесто писмо
Јазични кодови
ISO 639-2 sux
ISO 639-3 sux
{{{mapalt}}}
Сумерски документ од 26 век п.н.е.

Сумерски јазик бил јазик на античките жители на Сумер, кој се говорел во јужна Месопотамија (денешен Ирак), од 4-от милениум п.н.е. Се смета за најстариот пишан јазик, напишан е со клинесто писмо. Во текот на 3-от милениум п.н.е., се развила културна симбиоза меѓу Сумерите и луѓето од Акад, кој влучува и близок однос меѓу двата јазика и раширена двојазичност. Влијанието на сумерскиот и акадскиот јазик е очигледно во сите области, од масовните лексички позајмувања, до синтаксичките, морфолошките и фонетичките конвергенции.

Акадскиот јазик постепено го заменил сумерскиот како говорен јазик, некаде околу преминот од трети во втори милениум п.н.е. но, сумерскиот продолжил да се користи како религиозен, церемониски, книжевен и научен јазик на Месопотамија до 1 век од нашата ера. Потоа бил заборавен до 19 век, кога се дешифрирале глинените таблици со клинестото писмо. Сумерскиот јазик е изолиран, без познати сродни јазици. Се предложувале врски со многу јазични семејства, но ниедна не е докажана.

Сумерскиот јазик поминал низ неколку фази:

Архаичен сумерски — 3100 – 2600 п.н.е.
Стар или класичен сумерски – 2600 – 2300 п.н.е.
Нео-сумерски — 2300 – 2100 п.н.е.
Доцен сумерски — 2000 – 1800 п.н.е.
Пост-сумерски — после 1700 п.н.е.

Фонетски карактеристики[уреди | уреди извор]

Многу особини на сумерскиот јазик не можат точно да се одредат поради начинот на кој е напишан: со клинестото писмо кое не ги бележи верно гласовите и за кој не е познат точен изговор на сите симболи.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Gelb, Ignace J.. „Sumerian language“. Encyclopædia Britannica Online. Encyclopædia Britannica. http://www.britannica.com/EBchecked/topic/573229/Sumerian-language. конс. 30 јули 2011 г. 
  2. Piotr Michalowski, "Sumerian," The Cambridge Encyclopedia of the World's Ancient Languages." Ed. Roger D. Woodard (2004, Cambridge University Press). Pages 19–59