Кросненски Округ (Лубушко Војводство)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кросненски Округ
Powiat krośnieński
округ
Знаме на Кросненски Округ
Знаме
Грб на Кросненски Округ
Грб
Местоположба во војводството
Местоположба во војводството
Земја Полска
ВојводствоЛубушко
СедиштеКросно Оджањске
Општини
Површина
 • Вкупно1.390 км2 (540 ми2)
Население (2019[1])
 • Вкупно55.018
 • Густина40/км2 (100/ми2)
 • Градскo27.938
 • Селско27.080
Рег. таб.FKR
Мреж. местоpow.krosno-odrz.pl

Кросненски Округ (полски: powiat krośnieński) — округ во Лубушкото Војводство, западна Полска. Созаден е на 1 јануари 1999 г. со управната реформа од претходната година. Седиште на округот е градот Кросно Оджањске, сместен на 30 км западно од Желона Гура и 79 км јужно од Гожув Вјелкополски. Единствениот друг град е Губин кој лежи на германската граница, 28 км западно од Кросно Оджањске.

Округот зафаќа површина од 1.390 км2 и во 2019 г. броел 55.018 жители. Од нив, во Губин живееле 16.619, во Кросно Оджањске имало 11.319, а 27.080 лица живееле по селата.

Соседни места[уреди | уреди извор]

Кросненскиот Округ се граничи со Слубичкиот на северозапад, Суленќинскиот на север, Швјебоѓинскиот на североисток, Желоногурскиот на исток и Жарскиот на југ. На запад се граничи со Германија (округот Шпре-Ниса).

Административна поделба[уреди | уреди извор]

Округот се дели на седум општини од кои една е градска, една градско-селска и пет се селски. Тука се наведени надолно по бројот на жители во 2019 г.

Општина Вид Површина
(км2)
Население
(2019)
Седиште
Кросно Оджањске градско-селски 211,5 17.784 Кросно Оджањске
Губин градска 20,7 16.619
Губин селска 379,7 7.156 Губин*
Домбје селска 170,0 4.930 Домбје
Бобровице селска 185,1 3.205 Бобровице
Машево селска 213,6 2.812 Машево
Битњица селска 208,7 2.512 Битњица
* седиштето не е дел од општината

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Population. Size and structure and vital statistics in Poland by territorial division in 2019. As of 30th June“. stat.gov.pl. Statistics Poland. 15 октомври 2019. Посетено на 23 март 2020.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]