Слубички Округ
Слубички Округ Powiat słubicki | |||
---|---|---|---|
округ | |||
Местоположба во војводството | |||
Земја | Полска | ||
Војводство | Лубушко | ||
Седиште | Слубице | ||
Општини | |||
Површина | |||
• Вкупно | 999,77 км2 (38,601 ми2) | ||
Население (2019[1]) | |||
• Вкупно | 47.018 | ||
• Густина | 0,47/км2 (1,2/ми2) | ||
• Градскo | 29.934 | ||
• Селско | 17.084 | ||
Рег. таб. | FSL | ||
Мреж. место | powiatslubicki.pl |
Слубички Округ (полски: powiat słubicki) — округ во Лубушкото Војводство, западна Полска. Созаден е на 1 јануари 1999 г. со управната реформа од претходната година. Најголем град и седиште е Слубице, сместен на 63 км југозападно од Гожув Вјелкополски и 79 км северозападно од Желона Гура. Покрај седиштето, во округот има уште три града: Жепин на 19 км источно, Ошно Лубуске на 25 км североисточно и Цибинка на 24 км југоисточно од Слубице.
Округот зафаќа површина од 999,77 км2 и во 2019 г. броел 47.018 жители. Најнаселено место е Слубице со 16.705 жители, а потоа Жепин со 6.529.
Соседни места
[уреди | уреди извор]Слубичкиот Округ се граничи со Гожувскиот на север, Суленќинскиот на исток и Кросненскиот на југ. На запад се граничи со Германија (градот Франкфурт на Одра и окрузите Меркиш-Одерланд и Одра-Шпре).
Административна поделба
[уреди | уреди извор]Округот се дели на пет општини од кои четири се градско-селски и една е селска. Тука се наведени надолно по бројот на жители во 2019 г.
Општина | Вид | Површина (км2) |
Население (2019) |
Седиште |
Слубице | градско-селска | 185,4 | 20.061 | Слубице |
Жепин | градско-селска | 191,1 | 9.745 | Жепин |
Цибинка | градско-селска | 279,7 | 6.492 | Цибинка |
Ошно Лубуске | градско-селска | 198,0 | 6.426 | Ошно Лубуске |
Гужица | селска | 145,6 | 4.294 | Гужица |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Population. Size and structure and vital statistics in Poland by territorial division in 2019. As of 30th June“. stat.gov.pl. Statistics Poland. 15 октомври 2019. Посетено на 23 март 2020.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Слубички Округ на Ризницата ?
- Портал на Слубичкиот Округ (полски) (германски) (англиски)
|
|