Гожувски Округ

Координати: 52°44′N 15°15′E / 52.733° СГШ; 15.250° ИГД / 52.733; 15.250
Од Википедија — слободната енциклопедија
Гожувски Округ
Powiat gorzowski
округ
Коњ во с. Гурки, Општина Санток
Коњ во с. Гурки, Општина Санток
Знаме на Гожувски ОкругГрб на Гожувски Округ
Местоположба во војводството
Местоположба во војводството
Земја Полска
ВојводствоЛубушко
СедиштеГожув Вјелкополски
Општини
Површина
 • Вкупно1.213,32 км2 (46,847 ми2)
Население (2019[1])
 • Вкупно71.669
 • Густина0,59/км2 (1,5/ми2)
 • Градскo24.525
 • Селско47.144
Рег. таб.FGW
Мреж. местоpowiatgorzowski.pl

Гожувски Округ (полски: powiat gorzowski) — округ во Лубушкото Војводство, западна Полска. Созаден е на 1 јануари 1999 г. со управната реформа од претходната година. Седиште е градот Гожув Вјелкополски, иако не е дел од самиот округ (туку сопствен градски округ). Единствените градови во округот се Костшин на Одра сместен на 43 км западно од Гожув Вјелкополски и Витњица, која е на 25 км западно од него.

Округот зафаќа површина од 1.213,32 км2 и во 2019 г. броел 71.669 жители, од кои во Костшин на Одра живееле 17.778, во Витница имало 6.747, а останатите 47.144 жители биле по селата. Уделот на градско население изнесува 37,85 %.

Соседни места[уреди | уреди извор]

Освен градот Гожув Вјелкополски, Гожувскиот Округ се граничи со Стшелечко-дрезденечкиот Округ на североисток, Мјенѕижечкиот на југоисток, Суленќинскиот на југ, Слубичкиот на југозапад и Мишлибушкиот на северозапад. Во мал дел на запад се граничи со Германија (округот Меркиш-Одерланд).

Административна поделба[уреди | уреди извор]

Округот се дели на седум општини од кои една е градска, една е градско-селска и пет се селски. Тука се наведени надолно по бројот на жители во 2019 г.

Општина Вид Површина
(км2)
Население
(2019)
Седиште
Костишин на Одра градска 46,2 17.778
Витњица градско-селска 278,3 12.864 Витњица
Дешчно селска 168,4 9.865 Дешчно
Клодава селска 234,8 8.635 Клодава
Санток селска 168,3 8.580 Санток
Богдањец селска 112,1 7.117 Богдањец
Лубишин селска 205,3 6.830 Лубишин

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Population. Size and structure and vital statistics in Poland by territorial division in 2019. As of 30th June“. stat.gov.pl. Statistics Poland. 15 октомври 2019. Посетено на 23 март 2020.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]