Жарски Округ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Жарски Округ
Powiat żarski
округ
Знаме на Жарски ОкругГрб на Жарски Округ
Местоположба во војводството
Местоположба во војводството
Земја Полска
ВојводствоЛубушко
СедиштеЖари
Општини
Површина
 • Вкупно1.393,49 км2 (53,803 ми2)
Население (2019-06-30[1])
 • Вкупно96.496
 • Густина0,69/км2 (1,8/ми2)
 • Градскo58.210
 • Селско38.286
Рег. таб.FZA
Мреж. местоpowiatzary.pl

Жарски Округ (полски: powiat żarski) — округ во Лубушкото Војводство, западна Полска, на границата со Германија. Созаден е на 1 јануари 1999 г. со управната реформа од претходната година. Најголем град и седиште е Жари, сместен на 43 км југозападно од Желона Гура и 123 км јужно од Гожув Вјелкополски. Има уште три града: Лубско (21 км северозападно од Жари), Јашењ (16 км северозападно од Жари) и Ленкњица (30 км западно од Жари).

Округот зафаќа површина од 1.393,49 км2 и во 2019 г. броел 96.496 жители. Во Жари живееле 37.502 лица, во Лубско 13.921, во Јашењ 4.309, во Ленкњица 2,478, а останатите 38.286 биле по селата.

Соседни места[уреди | уреди извор]

Жарскиот Округ се граничи со Кросненскиот на север, Желоногурскиот на североисток, Жагањскиот на исток и Згожелечкиот на југ. На запад се граничи со покраините Саксонија и Бранденбург во Германија (окрузите Шпре-Ниса и Герлиц).

Административна поделба[уреди | уреди извор]

Округот се дели на десет општини од кои две се градски, две се градско-селски и шест се селски. Тука се наведени надолно по бројот на жители во 2019 г.

Општина Вид Површина
(км2)
Население
(2019)
Седиште
Жари градски 33,2 37.502
Лубско градско-селски 182,7 18.452 Лубско
Жари селски 294,4 12.343 Жари*
Јашењ градско-селски 127,0 7.040 Јашењ
Тшебјел селски 166,6 5.679 Тшебјел
Броди селски 240,4 3.413 Броди
Липинки Лужицке селски 88,6 3.366 Липинки Лужицке
Пшевуз селски 178,3 3.157 Пшевуз
Туплице селски 65,9 3.066 Туплице
Ленкњица градски 16,4 2.478
* седиштето не е дел од општината

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Population. Size and structure and vital statistics in Poland by territorial division in 2019. As of 30th June“. stat.gov.pl. Statistics Poland. 15 октомври 2019. Посетено на 23 март 2020.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]