Коста Догу

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Коса Догу
Costa Dogu
Роден 1897
Битола,  Османлиско Царство
Починал 1977
Битола,  СР Македонија
Националност македонски Влав
Занимање колекционер, музеолог, архивист


Коста Догу (влашки: Costa Dogu) ) (Битола, 1897 - Битола, 1977), колекционер, музеолог, архивист од Македонија.

Првиот колекционер, музеолог и архивист во Р. Македонија[1]. Во својот дом во текот на речиси целиот живот, сè до смртта, собрал многу голема збирка на движни музејски предмети од различни временски периоди, потекло, стил и употреба. Собирал речиси севкупен печатен материјал: поштенски марки, разновидни банкноти (по хронологија и потекло), весници, документи. Голема колекција на печати - од Отоманската Империја до седумдесеттите години на дваесеттиот век. Комплет на весници, чаршиски тефтери, тапии, разновидни документи и друго. Во својата збирка ја поседувал и една од постарите и поретки поштенски марки, отпечатена во 1858 година во Кралството Велика Британија.

Меѓу 62-те хронолошки и тематски колекционерски единици (засега познати) - се истакнуваат комплетната збирка на првите печатени весници во Македонија - весникот Монастир и весникот Ниерихакит, печатени за време на Отоманското Царство, на арапско писмо, комплетна збирка на фотографии и написи од бомбардирањето на Битола за време на Првата светска војна[2], комплетна збирка за почетоците и развојот на фудбалот во Битола, (Битола бил првиот град во Македонија и пошироко каде што започнало да се игра фудбал, а Коста Догу бил еден од основачите на фудбалскиот клуб)[3],, етнолошки предмети, стари фотографии (бил близок пријател со Милтон Манаки), уметнички слики, книги.

Севкупниот материјал го чувал во својот мал и пренатрупан дом кој се наоѓал на западниот влез од битолската чаршија на денешната адреса Македонска бр. 21. Огромното музејско, колекционерско, архивско богатство сè уште не е комплетно, целосно проучено, а за жал не се знае точно каде се е разнесено, затоа што веднаш по неговата смрт (цел живот бил сам, без семејство) неизмерното богатство за неколку денa било разнесено без да биде заштитено или институционално собрано.

Се знае дека делови од неговата збирка, денес се наоѓаат во: Поштенскиот музеј во Белград, Хрватскиот народен театар во Загреб, Југословенскиот институт за печатарство, Историскиот архив во Битола, Државnиот архив на Република Македонија, но се наоѓа и низ бројни приватни колекции, особено во Србија и Грција.

Во 1970 и 1971 година, во континуитет во Битолски весник, излегувала посебна рубрика насловена како „Од збирката на Коста Догу“, придружена со текст за раритетните предмети од неговата збирка и цртежи изработени од уметникот Панде Петров.

Истакнатиот македонски писател Божин Павловски, во својот роман „Подвижни гробови“ , пишува автентично, за Коста Догу, ослободувајќи му поголем простор, како на еден од поважните јунаци во неговата проза.[4].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Скриеното богатство на Коста Догу/
  2. MACEDONIA 1912-1918
  3. Првиот фудбал во Битола…
  4. Скопје, Мисла, Матица македонска, Култура,1999, ISBN 9989-42-009-2, COBIS S.MK - ID 9853505