Хрватски народен театар (Загреб)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Хрватски народен театар во Загреб
Зградата на народниот театар во Загреб
Град
Земја  Хрватска
Архитект Fellner & Helmer
Сопственик Република Хрватска (51 %)
Град Загреб (49 %)
Капацитет 709 седишта
Тип Народен театар, опера и балет
Отворен 14 октомври 1895[1]
Реновиран 1967–1969[1]
www.hnk.hr


Хрватскиот народен театар во Загреб (хрватски: Hrvatsko narodno kazalište u Zagrebu), вообичаено познат како ХНК Загреб, е театар, опера и балет лоциран во Загреб.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Првиот загребски театар бил изграден во 1836 година и бил сместен во зградата на сегашното старо градско собрание. Хрватскиот народен театар бил основан во 1860 година, и веќе следната година добива државни средства за да биде на исто ниво со другите европски народни театри. Во 1870 година била додадена оперска компанија на театарот, и во 1895 година театарот бил преместен во ново-изграден објект на Плоштадот Република Хрватска каде што се наоѓа и на денешен ден.

Австро-унгарскиот цар Франц Јозеф I присуствувал на самото отварање на новиот објект при неговата посета на градот во 1895 година.[1] Објектот бил проект на познатите виенски архитекти Фердинанд Фелнер и Херман Хелмер, чија фирма изградила неколку театри во Виена. Прослава за стогодишнината на објектот била одржана на 14 октомври 1995 година.

На влезот на самиот театар се наоѓа ѕидна фонтана наречена Извор на животот (Zdenac života), проектирана од хрватскиот уметник и скулптор Иван Мештровиќ во 1905 година.[3]

Многу од хрватските водечки уметници работеле во театарот. Прв менаџер и драматург бил поетот Димитрија Деметер, кој бил водечки активист на движењето за хрватска народна преродба, а додека Иван Зајц бил прв диригент. Јаков Готовац бил оперски диригент од 1923 до 1958 година. Познатиот хрватски театарски режисер Бранко Гавела ја започнал својата кариера тука, како и првата хрватска прима балерина Миа Чорак Славенска.

Во театарот исто така гостувале многу познати меѓународни уметници, вклучувајќи ги Франц Лист, Сара Бернар, Франц Лехар, Рихард Штраус, Жерар Филип, Вивиен Ли, Лоренс Оливие, Жан-Луј Баро, Питер Брук, Марио дел Монако и Хосе Карерас.[4]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 "Povijest zgrade". hnk.hr (хрватски). Croatian National Theatre in Zagreb. конс. 12 January 2015. 
  2. "Croatian National Theatre in Zagreb". TripAdvisor. конс. 4 August 2014. 
  3. "Meštrovićev "Zdenac života" izložen u Splitu". vijesti.hrt.hr (хрватски). Хрватска Радио Телевизија. 3 May 2013. конс. 9 February 2017. 
  4. "Povijest". hnk.hr (хрватски). Croatian National Theatre in Zagreb. конс. 9 February 2017. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]