Корека
| Корека Coreca | |
|---|---|
| поделок | |
| Земја | |
| Регион | Калабрија |
| Покраина | Козенца (CS) |
| Општина | Амантеја |
| Површина | |
| • Вкупна | 4 км2 (2 ми2) |
| Надм. вис. | 18 м |
| Население (1 јануари 2017) | |
| • Вкупно | 700 |
| • Густина | 180/км2 (450/ми2) |
| Час. појас | CET (UTC+1) |
| • Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
| Пошт. бр. | 87032 |
| Повик. бр. | 0982 |
| Светец-заштитник | Богородица Ангелска |
| Слава | 22 август |
Корека (италијански: Coreca), на месното наречје: Корака или Корика (Coraca, Corica) — поделок на општината Амантеја во покраината Козенца, Калабрија, Италија. Сместена е недалеку од Кампора Сан Џовани.
Географија
[уреди | уреди извор]Опфат
[уреди | уреди извор]Поделокот се граничи со јужниот дел од Тиренското Море на запад и гратчето Амантеја на југ, каде почнува границата со Кампора Сан Џовани. Пределот претежно се состои од карпест ’рт, а сретселото лежи во низина. Територијата опфаќа и ридесто подрачје и широки плажи. Климата е умерена.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Главна стопанска дејност на Корека е туризмот и хотелиерството, кое е развиено поради живописниот брег. Мошне посетувано место се Коречките Гребени, кое воедно е собиралиште на радиоаматерите. Има мали фабрики во кои се произведува грана, мебел и машинерија.

Населени места
[уреди | уреди извор]Почнувајќи од 2017 г. одделот Корека се состои од следниве села:
|
|
|
Знаменитости
[уреди | уреди извор]Црква „Богородица Ангелска“
[уреди | уреди извор]Главна црква е „Богородица Ангелска“ (Мадона дељи Анџели), изградена во 1965 г. во посовремен но скромен стил, и сместивост од 65 лица. Секоја година се селската слава (22 август) се одбележува со поворка по улиците.
Плоштад „Богородица Ангелска“
[уреди | уреди извор]Сретселото го бележи плоштадот „Богородица Ангелска“, наречен по соседната црква и овенчан со статуа на Богородица.
Корачки Пештери
[уреди | уреди извор]Значајно обележје на овој крај се Корачките Пештери, каде се ископувала железна руда уште од древно време. За време на Втората светска војна, истите служеле како засолниште за мештаните и складиште за британската и американската окупациона војска. Подоцна, сè до почетокот на XXI век во нив се одржувале божиќни и велигденски свечености.
Коречка кула или „Туриела“
[уреди | уреди извор]Северно од самата Корека, на падините на ридот Тувуло се наоѓа кулата „Туриела“ е делумно срушена, забележителна по тоа што претставува мешавина од стилови со кои е преуредувана низ вековите. Служела како стражарница, вардејќи го местото од нападите на Арапите, Норманите и околните велможи, па сè до доаѓањето на германските, а потоа и британско-американските единици во Втората светска војна. Кулата е лесно пристапна од патот за Тонара на север и од патот од Маринела на југ.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Црквата „Богородица Ангелска“
- Плоштадот навечер
- Плоштадот навечер
- Кулата Туриела
- Коречкиот Залив
- Плажата од Ла Скољера
- Коречките Гребени