Комити Запад

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Амблемот на Комитите

Комити Запад — навивачи првенствено на ФК Вардар, потоа и на сите спортски клубови што го носат името Вардар. Тие обично се наоѓаат на западната трибина на градскиот стадион во Скопје, па по тоа кон името Комити е додадено и Запад.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Комити низ улиците на Скопје, кон стадион

Комитите се формирани официјално во 1987 година, со првото истакнување транспарент со натпис „Комити“ на западната трибина на градскиот стадион во Скопје, на фудбалскиот натпревар од Првата Југословенска лига помеѓу ФК Вардар и ФК Црвена Sвезда од Белград. Вардар како клуб имал поддржувачи од своето основање, но навивачи организирани во навивачка група не постоеле сѐ до тој натпревар. Бројноста на Комитите растела со победите на ФК Вардар по стадионите низ СФРЈ над големите југословенски тимови. Во тие години Комити како единствена навивачка група од Македонија на секој натпревар добивале засилување и од другите македонски градови. Со распадот на СФРЈ и формирањето на македонската лига, Комити добиле конкуренција од навивачки групи од секој помал град. Комитите добиле забрана за гостувања од некогашниот претседател на ФСМ, Љубисав Иванов - Ѕинго.

По турбулентните времиња на поделби, кон крајот на деведесетите, во 2007, Комитите повторно се обединуваат во една навивачка група, која од овој период до денес го има современиот формат на организирање на навивачките групи во Европа и светот, со повеќе подгрупи, од различни населби, места или друштва, кои сите заедно на истата западна трибина навиваат за Вардар, но имаат и свои налепници, шалови и други материјали покрај единствените со името на групата и клубот. Подгрупи на навивачката група Комити кои се активни денес се: Екипа Пиво, Лојал Фанс, Комити Ченто, Комити Маџари, Комити Кисела Вода, Комити Драчево, S.C.S., 091.

Химната на Комити[уреди | уреди извор]

Комити знаме, на запад веат
и песна пеат, и песна пеат
знамето наше, во две бои
црвено-црно, на запад стои
црвената е во крвта врела,
за македонски градови и села,
а црната е за тој што жали
за Гоцевите идеали!
Вардар, але але але але
Вардар, але але але але
Да живее Вардар и Македонија!

(Овие 2 строфи кои следат вообичаено се пеат претходно)

За една љубов живееме
за еден клуб навиваме
една љубов еден живот
за тебе наш вардарее
Црвено-црна е во мене
црвено-црна е за тебе
црвено црна ќе се лее
за тебе наш вардарее

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Историја на комитите" (македонски). конс. 2010-12-04. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]