Разговор:Комити Запад

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Оваа статија е толку глупаво напишана и со POV што не можам да ја смислам.

Најдобра навивачка група? Според кого? Или тоа е природен факт, како што е гравитацијата?

Потоа, им било забрането да одат на натпревари од Ѕинго зошто „биле најдобри“ !! Абе ајде?! А да не е забранета бидејќи се дивјаци и се однесуваат како недораснати пубертетлии, агресивно и деструктивно?

А потоа квалитетот на навивањето во МК опаднал зошто тие си отишле? Леле...

Цитат- „Додека ФК Вардар палеше и жареше по стадионите низ СФРЈ и ги победуваше големите југословенски тимови, бројноста на Комити се повеќе растеше и растеше“ - во енциклопедија никогаш не се пишува „растеше, паѓаше, палеше, фрлаше“ туку „растеа, паѓаа, палеа, фрлаа“ или „растеле, паѓале, палеле, фрлале“. Во енциклопедија нема место за индивидуалицам (дека ти си бил таму).

Дај поправете. --Muad'Dib

БОГ ДА ЧУВА[уреди извор]

Од незнајковци и морончиња! ВИСТИНАТА БОЛИ! Ако не сте биле тие години на стадион, и ако не сте Македонци и скопјани (особено), немате право да зборувате. Што се мислите вие, некоја “аристократија“ и “авангарда“ од Комити имаат произлезено многу академски граѓани (не користам индивидуализам итн). Може навивањето од една страна е хулиганство, тепање мамини аристократски синови, дивеење, меѓутоа тоа е едно масовно светско движење и култура. Навистина е култура, а бидејќи не ви е блиска немате право да говорите за нејзе! За не-енциклопедистките пасуси ви давам слобода да ги средите, ама за вистинските факти не! Да не навлагам натаму, а навистина треба за да ви се разјаснат некои работи, ама ај друг пат! Поздрав! Македонец 21:06, 24 Мај 2006 (UTC)

За да пишуваш на енциклопедија, и таа да биде што понеутрална (како што треба да биде) треба да си го тргнеш национализмот од ум. Многу ми е гајле што си правел на стадион и дали си навивал. Не може да редиш измислени „факти“ или „факти“ кои ти ги сметаш за такви: цитирам „една од најдобрите навивачки групи“ и парафразирам „дека биле најдобри добиле забрана“.
Тоа дали сум Македонец или скопјанец нема ама баш никаква врска. Ако правиш енциклопедија, ја правиш за сите граѓани, без разлика дали се македонци, скопјани, уругвајци или кинези.--Muad'Dib
Прво ти изгледа незнаеш МАКЕДОНСКИ ПРАВОПИС, а ми се правиш тука некој “ПРОФЕСОР“ етнонимите се пишуваат со ГОЛЕМА БУКВА: Македонци, Уругвајци, Кинези, а жителите на градови и села со мали: скопјани, велешани, битолчани итн. ТОЧНО ДЕКА ДОБИЈА ЗАБРАНА ЗОШТО БЕА НАЈДОБРИ. ВО ТИЕ ВРЕМИЊА КОГА КОМИТИ СОБИРАА ПО 5000 ЛУЃЕ НА СТАДИОН, А НА ГОСТУВАЊА И ДО 800 ЛУЃЕ (КАКО 1992 И 1994 ВО БИТОЛА) ЅИНГО НЕ МОЖЕШЕ МИРНО ДА СИ ГИ МЕСТИ НАТПРЕВАРИТЕ НА СИЛЕКС СО ВАРДАР, АКО ВО КРАТОВО МУ ДОЈДЕШЕ ЗБЕСНАТА МАСА НАВИВАЛИ НА ВАРДАР КОИ МОЖЕА ДА СТОРАТ НИЗА НЕМИЛИ НАСТАНИ, ПА СЕГА ТИ ВИДИ ЗОШТО ИМ БЕШЕ ЗАБРАНЕТО, ДА БЕА КОМИТИ ПАТКАРИ ИЛИ ЃАОЛИ КОЛКУ ТОЛКУ ЌЕ МОЖЕА ДА СЕ СПРАВАТ СО НИВ, НО НЕ СО 600 ЛУЃЕ КОИ БЕА СПРЕМНИ ДА СТАВАТ КРАЈ НА ВАЛКАНИТЕ ИГРИ И МЕСТЕЊА. Што се ако не се најдобри? Која друга група има повеќе знамиња, транспаренти, издадени шалови, маици, капи, приврзоци, ДВД - ЦДиња, налепници и поголемо членство од Комити? Која друга група има направено повеќе кореографии и гостувања од Комити? Кога не се разбираш во некои работи молчи си! Македонец 15:50, 25 Мај 2006 (UTC)
Ок, ај ова нема шанси да заврши на валиден начин. Јас не гледам фудбал ниту многу сум запален по тоа. Играм фудбал, да. Бидејќи „добро“ и „лошо“ се релативни категории, во енциклопедии се избегнува некои ентитети да се наречат „добри“ „подобри“ и „најдобри“ и „лоши“ „полоши„ и „најлоши“ бидејќи тоа не може да биде констатирано. Што е најдобро за тебе, за мене не е. Не постои ултимативна вистина.
Второ, не ти се правам професор, туку ја констатирам идејата зад енциклопедијава - да биде неутрален и широк извор на информации. Тука нема место за лични констатации. Без разлика какво шоу приредувале комитите. И то. --Muad'Dib
Добро, еве попуштам, избришете ја статијава, за енциклопедија не е потребно да има статии за навивачки групи кои меѓу народот се познати по ЛОШО (што не е вистина, ако се земе пример за навивач како мене и некои други ќе се види дека навивањето не е хулиганство) и по дивеење. Слободно избришете ја доколку не одговара на уредувачката политика на проектов. Македонец 19:49, 25 Мај 2006 (UTC)
Никој не рече дека не треба да има статии за навивачки групи. Приговорите како што гледам беа за квалитетот на статијата, а мислам дека во меѓувреме ја направив понеутрална. --FlavrSavr 22:18, 25 Мај 2006 (UTC)