Коле Младеновски
Коле Младеновски | ||
Роден | 20 октомври, 1923 година Шопско Рударе, Кратовско, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 12 декември, 1944 година Гнилане, Косово | |
Националност | Македонец |
Коле Стојанов Младеновски (20 октомври 1923 во Шопско Рударе, Кратовско — 12 декември 1944 во Гнилане, Косово) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Произлегува од средноимотно селско повеќечлено семејство. Откако го завршил основното четиригодишно училиште во родното место, останал кај родителите да им помага во земјоделието и сточарството. По капитулацијата на Кралството Југославија во 1941 година, бил регрутиран од бугарскиот окупатор. По отслужување на воениот рок се вратил во своето родно место. На 9 септември 1944 година кога во неговото село престојувале единиците на НОВ, заедно со уште други младинци од селото пристапиле во Народноослободителната војска на Македонија, најпрво во Месната команда во Кратово, па во Седумнаесеттата македонска ударна бригада,[2] а подоцна и во составот на Третата македонска ударна бригада.[1] Учествувал во повеќе борби до конечното ослободување на Македонија каде покажал посебен хероизам. Загинал во една борба во близината на Гнилане на 12 декември 1944 година.[2] Според друга верзија се смета дека загинал во една борба против балистичките банди и Германците во близина на селото Шишево.[1]