Колбе-Шмитова реакција

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Колбе-Шмитова реакција или Колбеев процес (именувана според Херман Колбе[1] и Рудолф Шмит[2]) е карбоксилациона хемиска реакција која настанува при затоплување на натриум феноксид (натриумова сол на фенол) со јаглерод диоксид во услови на висок притисок (100 atm, 125 oC), а потоа производот се обработува со сулфурна киселина. Конечниот производ е ароматична хидроксилна киселина, позната како салицилна киселина (од која се прави аспирин).[3]

The Kolbe–Schmitt reaction

Доколку се користи калиум хидроксид, се добива 4-хидроксибензојна киселина -- битен реагенс во производството на широката класа парабени позната под името биоциди, т.е. средства за лична хигиена.

Истата методологија се користи при индустриска синтеза на 3-хидрокси-2-нафтолна киселина. Региохемија на оваа реакција е осетлива на температурни разлики.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Kolbe, H. (1860-01-01). „Ueber Synthese der Salicylsäure“. Justus Liebigs Annalen der Chemie. 113 (1): 125–127. doi:10.1002/jlac.18601130120. ISSN 0075-4617.
  2. Schmitt, R. (1885). „Beitrag zur Kenntniss der Kolbe'schen Salicylsäure Synthese“. Journal für Praktische Chemie (англиски). 31 (1): 397–411. doi:10.1002/prac.18850310130. ISSN 1521-3897.
  3. Lindsey, Alan S.; Jeskey, Harold (1957-08-01). „The Kolbe-Schmitt Reaction“. Chemical Reviews. 57 (4): 583–620. doi:10.1021/cr50016a001. ISSN 0009-2665.
  4. Booth, Gerald (2000). Ullmann's Encyclopedia of Industrial Chemistry (англиски). American Cancer Society. doi:10.1002/14356007.a17_009. ISBN 978-3-527-30673-2.