Прејди на содржината

Колар (занаетчија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Велшкиот колар Грифид Вилијамс, Бодфорд, 1964 г.

Коларзанаетчија што прави и што поправа запрежни коли, кочии.[1][2] Поголемите парчиња дрво (трупци, облици, цепаници) за колите и кочиите се сечат, измазнуваат, стругаат, глодаат и издлабуваат, а по оваа обработка се спојуваат во целини со дрвени колчиња, шајки, завртки, лепила и метални окови.

За да ја добијат оптималната тежина на кочијата користеле неколку видови дрво. На пример, буката, дабот и брестот се користеле за да се направи најбараниот дел, тркалото. Изработувале и други предмети од дрво, на пример рачки, гребла, вили и слично. Низ историјата тие биле претежно обучени занаетчии, а занаетот бил наследен во семејството.[3]

Коларскиот занает се нарекува коларство.[4][5] Според македонските речници, колар може да значи и „лице што превезува патници или стока со кочија“.[1][2]

Историја

[уреди | уреди извор]

Раните дрвени тркала биле цврсти, направени од дрвени плочи. Биле тешки, но едноставната градба не барала многу вештина. Тркалата со спици биле полесни. Тие можеле да се изработуваат од помали дрва и да се прават со поголем пречник бидејќи не биле ограничени од големината на дрвата во подрачјето. Сепак, тркалата со спици барале точно растојание и внимателни пресметки за да се направи совршен круг. Се смета дека посебниот занает на коларите започнал со пронаоѓањето на спиците. Селските области без пристап до колар продолжиле да прават тркала со цели плочи.[6]:85-86 :85–86

Поради вештината и искуството потребни за изработка на колца, во Европа, изработувачот на тркала се претворило во препознатлив занает.[6]:149 :149

Делови на колце

[уреди | уреди извор]
Делови на колце

Основните делови на дрвено колце (тркало) се главина, спици, лактиште (наплат) и шина.[6][7]

Главината е средишниот дел на тркалото. За да има поголема цврстина, главината се стегала од двете страни со по два чембера. Едниот крај од секоја спица се поставува на главината во процес наречен затегнување. Кај постарите колца, главниот дел имал ракав од 15 сантиметри што се вклопувал преку оската за да се спречи нишање на тркалото; тоа барало често подмачкување. Посовремените тркала за кочии користат лежишта.[7][6] :197 :232

Спици се дрвени стапчиња што се вклопуваат во главината на едниот крај, а во наплатот на другиот крај.[7][6] :251 :233

Лактиште, наплатка или наплат е едно од неколкуте закривени парчиња дрво кои кога се спојуваат го образуваат работ на колцето. Тие се монтирани на надворешните краеви на спиците.[7]:119[6]:231 :119 :231Бројот на лактишта потребни за да се направи се менувал во зависност од областа, ерата и големината на тркалото - со минимум две полукружници од свиткано дрво, до повеќе лактишта по тркало со најмалку две спици по лактиште.[6]:83 :83

Работ е надворешниот раб на тркалото, иако некои гумата ја нарекуваат раб.[6]:233 :233

Шината е заштитна лента поставена над лактиштата. Шините се изработувале од железо или челик, обично како обрач и се поставувале топло околу бандажот. Како што се ладела и се собирала, ги затегнувала споевите на спиците со лактиштата и на спиците со главината, зајакнувајќи го колцето и правејќи го покруто.[7]:158 :158 Металните шини се многу бучни на тврди патни површини, па затоа многу колца на коли биле направени со гуми од цврста гума вградени во метален канал.[7] :71,162,298

Поради старост или сува клима, колцето се смалувало, а металната шина се олабавувала. Тогаш, шината се вадела, „намалувала“, загревала и повторно монтирала за колцето повторно да се затегне.[8] [9]

  1. 1 2 „колар“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. 1 2 „колар“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „Historic Trade: Wheelwright“. www.colonialwilliamsburg.org (англиски). Архивирано од изворникот на 2024-03-22. Посетено на 2024-03-22.
  4. „коларство“Дигитален речник на македонскиот јазик
  5. „коларство“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  6. 1 2 3 4 5 6 7 8 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име bulliet.
  7. 1 2 3 4 5 6 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име walrond79.
  8. „Wagon Wheel Tire Shrinker“. Heritage Place Museum. November 27, 2019.
  9. „We never "tyre" of history: The Tire Shrinker“. Northwest Carriage Museum. 10 March 2023. Архивирано од изворникот на 2024-12-21. Посетено на 2025-05-16.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]