Вила (полска)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Градинарска вила

Вила[1][2] — повеќенаменска земјоделска и хортикултурна алатка. Се користи во градина, на нива, в поле. Тие се користат за копање на земјата, собирање мали остатоци при чистење на градината или се користат на терен кога се работи со сено. Во средниот век, вилите биле користени како оружје во селските востанија.[3] Тие се состојат од рачка долга околу 150 см, на која е закачен продолжеток со неколку запци. Рачката најчесто е од буково или даово дрво, додека бројот на запците зависи од видот на вилата.

Полска вила[уреди | уреди извор]

Вила за уредување на градина
Дрвена и метална вила за сено

Вилите што се користат за работа в поле или за чистење во градина имаат подолга рачка и помало растојание помеѓу заоблените заби, кои обично се 3 (вилушки за сено), 4 или 5 (вилушки за чистење на градината или расфрлање гној) или дури 10-12 (вили за утовар накомпири или на јаглен). Помалото растојание овозможува собирање помали остатоци.

Вилите за сено обично имаат три запци и нивната структура треба да овозможи подигање што е можно повеќе сено при собирање или при хранење на добитокот во штала. При работа со сено, често се користат вили со дрвен продолжеток, каде што средното продолжување (рог), го држи сеното бидејќи не е во иста рамнина со другите две.

Во поново време, употребата на вили в поле и на нива е намалена поради зголемената употреба на приклучоци за трактор, кои се користат за извршување на задачите многу побрзо.

Вили во митологијата и симболиката[уреди | уреди извор]

Грчкиот бог на морето, Посејдон, е претставен со рибарски трозабец во рацете. Поради сличноста меѓу трозабецот и вилите во христијанската митологија, ѓаволот често е претставен со вила, со кои ги мачи грешниците во пеколот. Затоа, виљушката била прогласена за орудие на ѓаволот од страна на Римокатоличката црква.

Вилите се чест симбол на селските здруженија и политички партии, како и чест мотив на уметнички дела.[4]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „вила“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „вила“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „Medieval period“. Архивирано од изворникот на 12. 08. 2017. Посетено на 01. 09. 2013. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  4. „Hay in art“. Архивирано од изворникот на 31. 07. 2017. Посетено на 01. 09. 2013. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)