Прејди на содржината

Климент Џамбазовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Климент Џамбазовски
Роден Климент Џамбазовски
7 октомври 1919
Охрид, Кралство Југославија
Починал 27 септември 2006 (возраст: 86)
Белград,  Србија
Националност Македонец
Занимање историчар, архивист, академик

Климент Џамбазовски (7 октомври 1919 во Охрид27 септември 2006 во Белград) – македонски историчар, архивист и академик.[1]

Џамбазовски е редок е најтемелен познавач на документацијата за Македонија во архивите во Србија.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Основното образование го завршил во родниот град, а Учителската школа во Јагодина, Србија, во 1939 година. По кратко учителствување, ги завршува студиите по педагогија и историја на Софискиот универзитет.

Избран е за асистент на Катедрата по педагогија на Филозофскиот факултет на Скопскиот универзитет во 1949 година. По притворањето од информбирото и исклучувањето од Факултетот, станува надворешен соработник на Архивот на Македонија со работно место во Белград во 1952 година.

На Историско-филолошкиот факултет во Белград ја одбранува докторската дисертација „Културно-општествените врски на Македонија со Србија во текот на XIX век“ во 1959 година.

Благодарејќи на богатите истражувања на архивите во Србија и публикуваните трудови, избран е за виш научен соработник на Балканолошкиот институт на САНУ во 1969 година, каде што е и пензиониран на 1 јануари 1985 година.

Избран е за член на МАНУ надвор од работниот состав во 2006 година.

Објавува повеќе студии и поголем број одделни публикации. Најзначајна му е серијата „Граѓа за историјата на македонскиот народ од Архивот на Србија“ во 5 томови во 14 посебни книги, што го опфаќаат периодот од 1820 до 1891 година.

Необјавен останува подготвениот том V, книга III (1892-1893). За оваа серија ја добил наградата „11 Октомври“.

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Џ“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1636. Text "series " ignored (help)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]