Клетвата на Туран

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Клетвата на Туран (унгарски: Turáni átok) е верување дека Унгарците биле под влијание на злобна магија за многу векови. „Клетвата“ се манифестира како внатрешна борба, песимизам, несреќа и неколку историски катастрофи.

Потекло[уреди | уреди извор]

Постојат различни теории за потекло. Важно е да се напомене дека името за замислениот "туранински народ" се појавило и проширило во Унгарија по втората половина на 19 век. Првото напишано споменување на фразата: "Turáni átok" беше пронајдено во публикациите на Ференц Херцег.

Свети Стефан и христијанството[уреди | уреди извор]

Впрочем најпопуларната теорија за потеклото на клетвата е дека било резултат на прифаќањето на христијанството во Унгарија во 1000 година пред нашата ера под власта на кралот Стефан. Се верува дека поразените приврзаници на старата унгарска религија фрлиле клетва врз христијанската Унгарија која се верувало дека ке трае засекогаш или можеби илјада години.

1848 револуција[уреди | уреди извор]

Друга теорија е дека клетвата била создадена според легенда која води потекло од 1850-ти години по неуспешната унгарска револуција во 1848 година и го отсликува огромниот песимизам на оваа репресивна деценија.

Национални катастрофи[уреди | уреди извор]

Некои трагични настани од унгарската историја традиционално се гледаат како национални катастрофи, манифестации на Клетвата на Туран се:

  • Битка кај Мохи (1241) Катастрофална при нападот од страна на монголи, што доведе до намалување на бројот на жители.
  • Битка кај Мохач (1526) Загубата при борбата со Турците, што довела до некои области во централните делови на земјата да бидат под османлиска окупација за околу 150 години (до 1686 година)
  • Пренос на суверенитетот од Отоманската империја до австриската империја Хабсбург (1699)
  • Кршење на револуцијата од 1848 година (1849) Загубите при борбата со Хабсбуршките и Руските сили доведоа до 15 години тешка репресија.
  • Договор за Трианон (1920) Редефинирање на границите по Првата светска војна ; Унгарија губи околу 72% од нејзината територија.
  • Втората светска војна (1939-45) Kатастрофален сојуз со сили на оската .
  • Унгарската револуција од 1956 година. Teшко поразена од советската војска, Унгарија била доведена до тешки репресалии и масовен егзодус на голем број Унгарци.

Лични проблеми[уреди | уреди извор]

Клетвата, исто така, се обвинува за предизвикување на многу проблеми на лично ниво. Меѓу нив се и високата стапка на самоубиство во Унгарија. Во моментов, Унгарија е 25-та во светот со стапка на самоубиства. Во средината на 1980-ти години Унгарија го водеше овој индикатор. Унгарците имаат трет најкраток животен век во Европа надвор од земјите од поранешниот СССР.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Туран (унгарски: Туран ) потекнува од персискиот Турн и се однесува на степите на Централна Азија , земјата на Тур. Овој збор најверојатно произлегува од името на антички крал, а исто така може да биде и коренот на "Турчин". Традиционално магијарите биле сметани за турски луѓе до крајот на 18 век. Во 19 век, кога проклетството на Туран беше многу популарен концепт, уметниците бараа азиски карактеристики во унгарската народна уметност и ги нарекуваа "Турански мотиви".

Литература[уреди | уреди извор]

Проклетството станала омилена тема на унгарската литература . Песна напишана во 1832 година од страна на големиот романтичарски поет од 19 век, Михали Верешмарти, го објаснува потеклото на клетвата, за време на крвавите војни за унгарската територија во античко време: