Клек (полуостров)
Крајот на полуостровот со островчето Лопата (лево) и поголемиот полуостров Пељешац (одзади) | |
Географија | |
---|---|
Место | Јадранско Море |
Координати | 42°55′09″N 17°35′30″E / 42.919224° СГШ; 17.591658° ИГД |
Архипелаг | Неум-Клек |
Држава | |
Единица | Федерација БиХ |
Кантон | Херцеговско-неретвански |
Општина | Неум |
Клек (босански и хрватски: Klek) — полуостров во Јадранското Море сместен југозападно од крајбрежното гратче Неум во Херцеговско-неретванскиот кантон, Босна и Херцеговина. Го оградува Неумскиот Залив кој го двои од поголемиот Малостонски Залив и полуостровот Пељешац.[1] Кај звршетокот на полуостровот, на неколку стотони метри од брегот се наоѓа малото стровче кое е дел од гребен сочинет од голи карпи под водната површина. Ова островче се нарекува Лопата, а на врвот од гребенот има светилник со истото име. На самиот крај на полуостровот има уште еден светилник, наречен „Реп Клека“ (Опашката на Клек).[2][3][4]
Завршетокот Реп Клека (наречен и Понта Репа или Турски Реп), сместен веднаш спроти селото Клек во Хрватска, е предмет на територијален спор помеѓу БиХ и Хрватска; неговиот статус последен пат е преговаран во Неумската спогодба од 1999 г.[5]
Целиот полуостров е приватна сопственост на неумските семејства Кристиќ, Бачиќ, Батиновиќ, Ловриќ, Џоно, Путица, Крмек и Вукасовиќ.[6]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Klemenčić 2000.
- ↑ „Granica općine Neum u Malostonskom zaljevu od 1974“. infobiro.ba. Oslobođenje. 29 ноември 2005. Архивирано од изворникот на 2023-09-01. Посетено на 6 февруари 2022.
- ↑ „Neum i granični problemi“. hercegovina.info. 13 декември 2012. Посетено на 6 февруари 2022.
- ↑ „Lighthouses of Bosnia and Herzegovina“. ibiblio.org. Посетено на 6 февруари 2022.
- ↑ Arnaut 2014, стр. 160-164.
- ↑ Kamenjar.com Dodik podržava gradnju Pelješkog mosta, ali ga ‘muči’ jedan drugi most 19 август 2017. посет. 30 август 2017 г.
Извори
[уреди | уреди извор]- Arnaut, Damir (2014). „Adriatic Blues: Delimiting the Former Yugoslavia's Final Frontier“. Во Clive H. Schofield; Seokwoo Lee; Moon-Sang Kwon (уред.). The Limits of Maritime Jurisdiction. Leiden: Koninklijke Brill NV (Martinus Nijhoff Publishers, 2013). стр. 160–164. ISBN 9789004262591.
- Klemenčić, Mladen (2000). „The border agreement between Croatia and Bosnia-Herzegovina: The first but not the last“ (pdf). International Boundaries Research Unit (IBRU). Durham (Winter 1999-2000). Посетено на 5 февруари 2022.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Клек (полуостров) на Ризницата ?
- Неумскиот Залив од воздух