Прејди на содржината

Киселец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Киселец
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
клад: Евдикоти
Ред: Каранфиловидни
Семејство: Подворки
Род: Штавеј
Вид: Киселец
Научен назив
Rumex acetosa
L.
Синоними[1]
  • Acetosa agrestis Raf.
  • Acetosa amplexicaulis Raf.
  • Acetosa angustata Raf.
  • Acetosa bidentula Raf.
  • Acetosa fontanopaludosa (Kalela) Holub
  • Acetosa hastifolia Schur
  • Acetosa hastulata Raf.
  • Acetosa magna Gilib.
  • Acetosa officinalis Gueldenst. ex Ledeb.
  • Acetosa olitoria Raf.
  • Acetosa pratensis Garsault nom. inval.
  • Acetosa pratensis Mill.
  • Acetosa subalpina Schur
  • Rumex biformis Lange
  • Rumex fontanopaludosus Kalela

Обичен киселец или обичен штавеј (науч. Rumex acetosa) — повеќегодишно ливадско растение што му припаѓа на семејството на подворките (Polygonaceae).

Достигнува височина од еден метар, со длабоко развиени корени во земјата. Листовите му се со издолжена форма, а стеблото е исправено, избраздено по целата должина и може да се јаде. Листовите се благо зашилени, со многу долги дршки и наизменично прираснати за стеблото. На врвот од растението има мали цветови во облик на црвеникаво обоени метлички. Се развиваат од мај до јули, а понекогаш после косење, по вторпат во есен.

Киселецот има потекло од Европа[2] и најчесто расте по влажни ливади, пасишта и подрачја обраснати со трева. Исто така го има и покрај потоци и шумски чистини. Често расте во тревите и тоа во големи количини, поради што ливадите пред косење често се црвени. Се одгледува и во домашни градини.

За исхрана се користат пролетните листови што поблиску до земјата, кои се темнозелени и сочни. Обично се со должина од 7 до 15 см. Најдобро е да се берат кога стеблото сè уште не е целосно развиено (март-мај). Може да се берат и во есен. Лисјата имаат пријатен кисел и освежувачки вкус. Многу народи ги берат за јадење и поради тоа киселецот е едно од најпопуларните диви зеленчукови растенија.

Иако има многу пријатен вкус, во прехранбената вредност тој заостанува зад повеќето други растенија од семејството на подворките. Неговите листови содржат оксална киселина, главно поврзани во форма на калиум нитрат. Затоа, не се препорачува честото земање киселец, особено не во големи количини, особено за лицата кои се сколни кон создавањето камења во бубрезите. Листовите содржат 40-80% мг витамин Ц, а околу 5 мг% каротин.

Употреба

[уреди | уреди извор]
  • Киселите листови се користат за салати и супи [3]
  • Семето може да се смеле во брашно
  • Во народната медицина се користи како лек против скорбут

Забелешка

[уреди | уреди извор]

Листови слични на листовите на киселец има едно многу отровно растение, наречено змиско грозје (лат. Arum maculatum). Неговите листови коишто се појавуваат во рана пролет, додека сè уште се мали можат да ги измамат само неискусните собирачи на треви, бидејќи, иако според контурите се слични на киселецот, тие имаат сосема друга боја и конзистенција. Во случај на сомневање на оваа разлика, не треба да се испробува вкусот на листовите, бидејќи отровните листови предизвикуваат силно печење, потекувања и воспаление на слузницата на устата.

Во Македонија

[уреди | уреди извор]

Во Македонија расте по полски и планински влажни ливади и влажни места, на надморска височина од 2200 метри. Претставува често растение и се посочува за повеќе места во Македонија.[4]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. ↑ „The Plant List: A Working List of All Plant Species“, Theplantlist.org, Архивирано од изворникот 1 април 2019, Посетено на 10 May 2016
  2. ↑ Шта је кисељак?
  3. ↑ „Супа од компири и киселец“. Архивирано од изворникот на 2007-10-24. Посетено на 2011-03-02.
  4. ↑ Мицевски, Кирил (2001). Флора на Република Македонија Том I, св. 3. Скопје: МАНУ. стр. 460–461.