Кво вадис (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

За други употреби види Кво вадис (појаснување)

„Кво Вадис“
Quo Vadis.jpg
Филмски постер
Режисер Мервин Лерој
Продуцент Сем Зимбалист
Сценарист Хенрик Сјенкиевич (роман)
С.Н. Берман
Соња Левиен
Џон Ли Махин
Настапуваат Роберт Тејлор
Дебора Кер
Питер Јустинов
Лио Ген
Финли Курие
Феликс Ајлмер
Ејбрахам Софер
Музика Миклош Рожа
Кинематографија Роберт Суртис
Вилијам В. Скал
Монтажа Ралф Е. Винтерс
Дистрибутер MGM
Премиера 8 ноември, 1951
Времетраење 171 мин.
Држава САД
Јазик англиски
Буџет $7,000,000 (проценка)

Кво вадис (Quo Vadis) американски филм од 1951 година, произведен од MGM. Филмот е режиран од Мервин Лерој (Mervyn LeRoy) а продуциран од Сем Зимбалист, според сценариото на Џон Ли Махин, С.Н. Берман и Соња Левиен, кое е адаптација на романотКво вадис“ од Хенрик Сјенкиевич. Музиката за филмот е дело на Миклош Рожа а кинематографијата на Роберт Суртис и Вилијам В. Скал. Во филмот настапуваат: Роберт Тејлор, Дебора Кер, Лео Ген, Питер Јустинов, Финли Кери, Феликс Ајлмер и Ејбрахам Софер, Патриша Лафан, Марина Берти и Нора Свинбурн. Во филмот е појавуваат и Софија Лорен и Елизабет Тејлор. „Кво вадис“ е често користен мотив во уметноста, а за првпат е прикажан на филмот во 1902 година, додека најславната верзија е филмот на Лерој од 1951 година. Филмот на Лерој се одликува со врвна снимателска и монтажерска работа и со квалитетни сценаристички решенија, а режисерот остварил рамнотежна комбинација на приказната за судбината на главните ликови и описот на целата историска епоха. Филмот е добитник на две награди „Златен глобус“ (за камера и за улогата на Устинов), а имал дури осум номинации за „Оскар“, но не победил во ниту една категорија.[1]

Позадина[уреди | уреди извор]

Насловот на филмот „Quo Vadis“ (латински): „Каде одиш?“) се однесува апокрифската средба помеѓу Св. Петар и Исус Христос на Апијанскиот пат. Св. Петар, бегајќи од прогонот на императорот Нерон, имал визија за Исус Христос во која го прашал: „Domine, quo vadis?“ („Господе, каде одиш?“). На тоа, Исус одговорил: „Каде што одам, ти не можеш да ме следиш сега, но ќе ме следиш подоцна“ (Јован 13:36). Св. Петар мислел дека ова значи дека Исус ќе се врати назад во Рим за да биде повторно распнат. Следејќи ја својата судбина, св. Петар се вратил во Рим каде бил распнат на крст во подножјето на Ватиканскиот рид, каде денеска се наоѓа базиликата на Св. Петар.

Заплет[уреди | уреди извор]

Дејствието во филмот се одвива во антички Рим од 64 до 68 година од нашата ера, за време на владеењето на императорот Нерон (го игра Јустинов). Предмет на дејствието е конфликтот помеѓу Христијанството и распаѓањето на Римското царство, особено во последниот период на Јулијо-Клаудијанската династија. Ликовите и настаните кои се претставени се збир на фактички историски личности и ситуации, но и фиктивно дејство. Откако генералот на римската војска Марко Винициј (го игра Тејлор) се враќа од победничкиот поход во Британија, императорот го остава пред портите на Рим, со цел утредента триумфално да влезе во градот, покажувајќи ја моќта на Нерон. Петрониј (го игра Ген), најблискиот дворјанин на Нерон, е свесен дека императорот е луд и дека од него не може да се очекува ништо добро. Истовремено, Марко се сместува кај својот пријател, стариот генерал Плаутиј (го игра Ајлмер) и веднаш се вљубува во неговата ќерка Лидија (ја игра Кер). Всушност, таа е принцеза и ќерка на странски владетел, а Нерон ја држи во заробеништво во домот на Плаутиј, со намера да изнуди соработка од нејзиниот вистински татко. Како награда за победата, Марко бара од царот да ја ослободи Лидија, но не знае дека во меѓувреме таа го прифатила христијанството кое Нерон го смета за најголемата опасност за царството...[2]

Наводи[уреди | уреди извор]