Кандидијаза

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кандидијаза
Human tongue infected with oral candidiasis.jpg
Орална кандидијаза
Специјалност Инфектологија
Симптоми Бели дамки или вагинален исцедок, чешање
Причинители Candida (тип на габа)
Ризик-фактори Имуносупресија (ХИВ/СИДА), дијабетес, кортикостероиди, терапија со антибиотици
Лекови Клотримазол, нистатин, флуконазол
Фреквенција 6% од бебињата (орална) 75% од жените во некој период од животот (вагинална)
Esculaap4.svg     Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување
во врска со темите од областа на медицината (здравјето).



Кандидијаза е габична инфекција предизвикана од кој и да било вид на Candida.[1]

Повеќе од 20 видови на Candida можат да предизвикаат инфекција, од кои габичката Candida albicans е најчестиот причинител.[1] Најголемиот дел од кандидите паразитираат на на површината кожата, носот, хранопроводот и анусот. При опаѓање на отпорноста на организмот, авитаминоза, имунодефициенции, бременост, стрес, менопауза и нерационална употреба на антибиотици доаѓа до нивно размножување и настанување на патолошки промени, познати како кандидијаза.[2]
Инфекцијата предизвикана од кандида е најчеста кај женското население и кај дијабетичарите, а се проценува дека оваа инфекција е присутна кај 30% од светското население. Габичните инфекции може да бидат локални во усната шуплина, цревата и вагиналната слузница, но може да се прошират и низ целиот организам. На овие инфекции се поподложни дијабетичарите, зашто кандидата се храни со шеќери. Исто така, за време на менопаузата, телото на жената произведува малку естроген, што води до потенок вагинален ѕид, поради што габичките полесно се приспособуваат.[3]

Симптоми[уреди | уреди извор]

При појава на инфекција на усната шуплина, вообичаено се појавува бела боја на кората на јазикот. Во случај на инфекција на цревата, најчести симптоми се дијареа, подуеност и повраќање. Кај вагиналната кандида се јавува пецкање, чешање и зголемен секрет.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Candidiasis“. 13 февруари 2014. http://www.cdc.gov/fungal/diseases/candidiasis/. посет. 28 декември 2014 г. 
  2. „Кандида“, Биокулт, број 9, ноември 2016, стр. 10.
  3. „Кандида“, Биокулт, број 9, ноември 2016, стр. 10.
  4. „Кандида“, Биокулт, број 9, ноември 2016, стр. 10.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Класификација
П · Р · П
Надворешни извори