Прејди на содржината

Калифорниски кактус

Од Википедија — слободната енциклопедија
Калифорниски кактус
Научна класификација
Царство: растенија
Нерангирано: скриеносеменици
Нерангирано: евдикоти
Нерангирано: јадрени евдикоти
Ред: каранфиловидни
Семејство: кактуси
Потсемејство: кактусовидни
Племе: кактусовидни
Род: ферокактуси
Вид: F. cylindraceus
Научен назив
Ferocactus cylindraceus
(Енгелман) Оркут
Синоними

Echinocactus viridescens var. cylindraceus Енгелман
Echinocactus cylindraceus (Енгелман) Енгелман
Echinocactus acanthodes Лемер (одбиено име)

Калифорнискиот кактус (Ferocactus cylindraceus) е кактус од видовите на ферокактуси. За првпат бил опишан од Георг Енгелман во 1853.[1]

Распространетост[уреди | уреди извор]

Кактусот го има во пустината Мохаве и Соноранската пустина во Калифорнија, Невада, Аризона и Јута в САД. Исто така го има и во пустините во Мексико блиску границата со САД.[2][3] Расте во карпести и сушни предели на предели до 1500 метри надморска висина.[4]

Опис[уреди | уреди извор]

Калифорнискиот кактус е најчесто цилиндричен или сферичен. Некои постари примероци може да нараснат во вид на столб до 2 метри во висина. Кактусот е прекриен со долги боцки, кои се прави и црвени додека се млади. Подоцна стануваат закривени и сиви..[5] Кактусот има виолетови или темноцрвени цветови со жолта внатрешност. Плодовите се жолти и месести.

Подвидови[уреди | уреди извор]

  • Ferocactus cylindraceus var. cylindraceus — калифорниски кактус[6]
  • Ferocactus cylindraceus var. lecontei — леконтеев кактус[7][8]

Конзервација[уреди | уреди извор]

Поради својата скулптурна форма и убави квалитети, иако е доста чест кактус, тој е под закана од колекционерите на растенија.[4] Во пустинските предели кактусот го губи хабитатот бидејќи се градат сончеви градини и ветерници.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Anderson, Edward F. (2001). The cactus family. Timber Press. стр. 327. ISBN 0-88192-498-9. Посетено на 28 August 2010.
  2. CalFlora Database: Ferocactus cylindraceus . accessed 4.1.2013
  3. CalFlora Database: Distribution Map (in California)
  4. 4,0 4,1 Jepson . accessed 4.1.2013
  5. Flora of North America . accessed 4.1.2013
  6. USDA: Ferocactus cylindraceus var. cylindraceus
  7. Jepson: Ferocactus cylindraceus var. lecontei
  8. USDA: Ferocactus cylindraceus var. lecontei

Надворешни врски[уреди | уреди извор]