Кадина Пештера
Кадина Пештера | |
---|---|
Глетка од Кадина Пештера | |
Место | Гумалево, Скопско |
Координати | 41°48′49″N 21°35′28.51″E / 41.81361° СГШ; 21.5912528° ИГД |
Должина | 80-100 м |
Надм. височина | 600 м |
Кадина Пештера — поткапина на левиот брег на Кадина Река во близината на селото Гумалево, Општина Зелениково, Скопско. Од неодамна таа претставува познат и доста посетувано место за спортско качување и алпинизам[1].
Местоположба
[уреди | уреди извор]Кадина Пештера претставува поткапина на голема варовничка карпа која се издигнува високо веднаш над левиот брег на Кадина Река на 1 километар југозападно од селото Гумалево. Пештерата се издигнува 50 метри над самиот брег на Кадина Река на местото каде што таа прави завој течејќи низ тесна клисура. Месното население ја нарекува само како Пештера или Шпела (на албански), додека името Кадина Пештера и е дадено од спортските качувачи и планинарите, поради нејзината непосредна близина над Кадина Река.
Одлики
[уреди | уреди извор]На запад од селото Гумалево, од левата страна на Кадина Река, на допирот помеѓу кристалесттите шкрилци и дискордантно на нив поставените хипуритски варовници, изградена е голема поткапина, со должина од 80 до 100 метри и височина од 15 метри[2]. Во внатрешноста на поткапината има појава на мали пештерски украси, сталактити[3]
Спортско качување
[уреди | уреди извор]Почнувајќи од 2013 годиниа, кога од спортските качувачи и алпинисти се откриени можностите кои ги нуди, Кадина Пештера е препознаена како извонреден и големо место со интересна варовничка карпа која претставува еден вид спортско качувачко богатство и во моментов нуди можност за качување на 12 насоки со тежина која варира од 6а до 7c+[1]. Започнувајќи од 2014 година, секоја година, на почетокот на пролетта во месец март, на Кадина Пештера се одржува „Цветен качувачки фестивал - Кадина Пештера“[4]. За потребите за подобар пристап до местото од заинтересираните посетители, качувачи и туристи, поставени се повеќе патоказни табли во Зелениково, Страхојадица и Гумалево, каде што на крајот на селото постои и информативна табла и обележана пешачка патека.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Поглед на Кадина Пештера
-
Поглед на Кадина Пештера од југоисток
-
Поглед на Кадина Пештера високо над течението на Кадина Река
-
Поглед од внатрешноста на поткапината на Кадина Пештера
-
Поткапината Кадина Пештера кај с.Гумалево
-
Глетка кон Кадина Пештера од водите на Кадина Река
-
Поглед кон Кадина Пештера
-
Поглед на Кадина Пештера високо над течението на Кадина Река
-
Глетка од внатрешноста
-
Поглед на Кадина Пештера високо над течението на Кадина Река
-
Поглед на Кадина Пештера
-
Варовнички облици
-
Облици во внатрешноста
-
Глетка кон Кадина Пештера од водите на Кадина Река
-
Туристичка информативна табла за Кадина Пештера
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Димитров, Тони (29 март 2014). „Нов спортско качувачки локалитет Кадина Пештера“. Ski Macedonia. Архивирано од изворникот на 2016-01-13. Посетено на 5 мај 2020.
- ↑ Малковски, Ѓорѓи (2001). Општина Зелениково (монографија). Скопје. стр. 14. ISBN 9989-57-049-3.
- ↑ Манаковиќ, Душан (1966). Некои релјефни елементи во поречјето на Бабуна и Тополка со Титовелешката котлина. Скопје: ГЗПМФ. стр. 132.
- ↑ „Се одржа 'III Цветен Качувачки Фестивал Кадина Пештера 2016'“. Climbing School MK. 25 март 2016. Архивирано од изворникот на 2020-09-26. Посетено на 5 мај 2020.