Историја на HTML

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

HTML како јазик се развивал во текот на 7 години. За тоа време еволуираше од едноставен јазик со мал број на ознаки (анг. Tags) во комплексен систем, кој им овозможи на веб дизајнерите да создаваат динамични веб страни со анимирани слики, текст и звуци. Целта на оваа статија е да им даде претстава на читателите, како HTML кој денес го користиме беше развиен од прототип создаден од страна на Тим Бернерс-Ли во 1992.

Содржина

1989 — воведување на HTML како јазик за објавување[уреди | уреди извор]

Светската мрежа (World Wide Web — WWW) се роди таму кај што најмалку би ја очекувале, во [CERN][1] - Европската лабараторија за честички во Женева, Швајцарија. CERN е место каде се наоѓаат физичари од целиот свет. Тим Бернерс-Ли е пронаоѓачот на Веб. Во 1989 Тим работел во центарот за компјутерски услуги во CERN кога ја добил идејата за Веб, во тоа време тој не очекувал дека неговиот пронајдок ќе биде имплементиран на светско ниво. Истражувањата кои се спроведувале во CERN често вклучувале комуникација и соработка со институти од целиот свет. Тим добил идеја да им овозможи на сите истражувачи од светот да ги сумираат податоците од своите истражувања на едно место и истите да ги користат. Но неговата идеја не била само да овозможи сите документи од истражувањата да им бидат достапни за преземање на другите истражувачи, туку тој им предложил дека може истите да ги поврзе меѓу себе, односно податоците кои се наоѓале во тие документи да бидат меѓусебно поврзани. Ова би значело дека додека читате еден документ во истиот момент можете да отворите друг документ кој содржи важни информации, дијаграми, слики и др. кои подетално ја објаснуваат содржината на документот којшто го читате. Документацијата од научна и математичка природа би била презентирана како мрежа од информации во електронска форма зачувани на компјутери низ целиот свет. Ова Тим сакал да го реализира со помош на хипертекст односно поврзување на документите со помош на копчиња на екранот, и потоа со едноставно кликање на нив да скокате од еден во друг документ. Пред да се вработи во CERN Тим веќе работел на изработка на електронски документи и на електронска обработка на текст, уште тогаш Тим го развил својот прв хипертекст систем «Enquire» за негова лична употреба. Тим својот прототип за веб прелистувач го создал во 1990.

1990 — Вистинското време за пронајдокот на Tim[уреди | уреди извор]

Фактот дека WWW е воведена во 1990 не е коинциденција. Развојот во комуникацијската технологија во тој период навестуваше дека нешто како WWW ќе се појави. За почеток хипертекстот беше во мода и беше употребуван на компјутерите. Исто така бројот на интернет корисници се зголемуваше, то есть бројот на корисници со потреба за споделување на информации. Последно но не и најмалку важно, со воведување на DNS (domain name systems) наоѓањето на определени компјутери беше многу поедноставно и полесно. Хипертекст

Иако веќе беше поставен како концепт во 1940 од страна на академици, брзиот развој на компјутерите допринесе хипертекстот да излезе од плакарот. Во доцните 1980, Бил Аткинсон исклучително талентиран програмер кој работел во Apple Computer Inc. вовел апликација наречена хиперкартичка (hypercard) за Мекингтош. Хипер картичката овозможувала да се создаваат серии од «картички за пополнување» кои содржеле текстуални и графички информации. Корисниците имале можност да ги прегледуваат овие картички со помош на копчиња кои се наоѓале на екранот. Хипер картичката претставувала основа за развој на уште апликации базирани на идејата «картички за пополнување». Во 1990 е создадена книга со упатства за креирање и употреба на хипертекстот, како и за додавање на копчиња за навигација на страните. Зад овие копчиња стоеле мали програми наречени скрипти, кои регулирале која страна ќе биде прикажана. Хиперкартичката заедно со другите апликации слични на неа за кратко време станаа популарни, но сепак сите овие апликации има едно големо огрничување. Овие апликации биле во можност да прегледуваат само документи зачувани на еден компјутер, никој сѐ уште немал идеја како со помош на хипертекстот да се прегледуваат документи зачувани на други компјутери.

DNS (Domain Name System)[уреди | уреди извор]

Во средината на 1980 Интернетот доби нов, лесен за користење начин на кој ќе ги именува компјутерите. Компјутерите биле именувани со помош на букви разделени со точки, овие имиња биле многу полесни за помнење за разлика од ИП (Интернет Протокол) адресите. Програма наречена Distributed Name Service (DNS) на секоја ИП адреса и доделувала име, односно зад секое име на компјутер стоела ИП адреса која корисниците не ја гледале. Со ваквиот систем на именување на компјутерите и е-пошта адресите станале многу полесни за употреба. Пред да се воведе ваквиот начин на именување на компјутерите корисниците е-пошта адресите ги паметеле заедно со Интернет Протокол адресата најразлични знаци како прашалници, извичници, проценти и сл.

Избирање на вистинскиот пристап за создавање на глобален хипертекст систем[уреди | уреди извор]

За Тим Бернерс-Ли глобалната мрежа на хипертекст врски изгледала остварлива, но клучното прашање било да се избере најсоодветниот начин за нивно имплементирање. Користење на постоечкиот хипертекст систем изгледало како привлечна понуда, но сепак тоа било непрактично од неколку причини. За да се користи било која хипертекст алатка на светско ниво потребно е да се земе предвид дека во светот постојат голем број на различни компјутери како на пример персонални компјутери, Мекингтош, UNIX па дури и обични терминали. Исто така комерцијалните хипертекст пакети биле различни во зависнот на каков компјутер биле користени и не биле во можност да преземаат или да испраќаат текст помеѓу себе. Она што беше потребно беше нешто едноставно, барем на почетокот. Тим успеал да ја постави основата, притоа самиот дизајнирал софтвер за испраќање на текст, и развил свој сопствен протокол ХТТП (HTTP — HyperText Transfer Protocol) за трансфер на документи и податоци со помош на хипертекст врски (hypertext links). Документите и податоците кои биле пренесувани преку ХТТП протоколот биле во ХТМЛ [HTTP — HyperText Markup Language]формат.


ХТМЛ е базиран на претходно прифатени меѓународни правила за обележување на текст[уреди | уреди извор]

ХТМЛ на Тим е базиран на СГМЛ (SGML — Standard Generalized Markup Language) меѓународно прифатен јазик за уредување на текст. Поголем дел од правилата кои важат за ХТМЛ се од СГМЛ, како на пример ознаки за нов параграф (p), големина на текст (h1…h6), подредена листа (ol), неподредена листа (ul), елементи на листа (li) и сл. Она што е новитет кај ХТМЛ е можноста за поврзување на повеќе документи сместени на различни компјутери со помош на ознаката (а). Идејата за поврзувањето на документите како и новиот начин на именување на компјутерите се идеи на Тим.


Септември 1991: Дискусијата за ХТМЛ започнува[уреди | уреди извор]

Тим во никој случај своите идеи не ги чувал за себе, напротив тој напорно се обидувал да дискутира на оваа тема преку интернет. Во септември 1991 започнаа таканаречените WWW разговори, ентузијасти од целиот свет имаа можност да учествуваат во дискусиите да ги изнесуваат своите идеји, мислења. Во 1992 голем број на академици и компјутерески истражувачи покажале голем интерес. Dave Regget вработен во Hewlett Packard Lab, Бристол — Англија со голем интерес ги следел овие дискусии. Во 1992 Dave го посетил Tim. Тие заедно дискутирале за ХТМЛ неговите можности и начини како да го унапредат, како би требал да изгледа за да биде привлечен за корисниците, Dave разгледувал списанија издвојувајќи некои каратеристики кои ХТМЛ би требал да ги има. Откако се вратил во Англија Dave седнал на својата тастатура и го создал ХТМЛ+, побогата и подобрена верзија од претходната.

1992 : NCSA е заинтригирана за предлогот за Web[уреди | уреди извор]

За идеите на Тим се заинтересирале Joseph Hardin и Dave Thompson вработени во Националниот Центар за апликации за суперкомпјутери (NSCA — National Center for Supercomputer Applications) институт за истражување на универзитетот Илиноис. Тие успеале да се поврзат со компјутерот во ЦЕРН и да симнат два бесплатни пребарувачи. Согледувајќи ја важноста на пребарувачите тие одлучиле да направат свој пребарувач наречен Mosaic. Помеѓу програмерите во CERN биле и Marc Andreessen, кој потоа заработил милиони продавајќи производи на интернет, и брилијантниот програмер Eric Bina, кој исто така се збогатил со помош на интернетот.

Декември 1992 — Mark Andreessen се појавува во WWW — дискусиите[уреди | уреди извор]

Web дискусиите помеѓу ентузијастите се одвивале преку електронски групи за дискусија наречени WWW (World Wide Web) — дискусии. Тука Dave Raggett, Тим Бернерс-Ли, Ден Коноли и други дискутирале за интегрирање на сликите во ХТМЛ документите. Во дискусијата имало несогласувања за тоа каква ознака да се воведе и како да се вика таа ознака. Тогаш Mark Andreessen ја дал идејата за (img) ознаката, која била воведена од страна на Mosaic тимот. И покрај несогласувањата во врска со (img) ознаката, таа сепак била прифатена и имплементирана во ХТМЛ јазикот и ден денеска се употребува. Во меѓувреме голем број на академици и истражувачи вовеле неколку алтернативни ознаки но сепак (img) ознаката останала.

Март 1993 — Lou Montulli го објавува Lynx прелистувачот, верзија 2.0а[уреди | уреди извор]

Lou Montulli е еден од првите кои направиле интернет прелистувач без кориснички посредник односно биле текст базирани, Lynx прелистувачот бил наменет за терминали и за компјутери кои работеле во DOS околина. Lou Montulli потоа бил повикан да работи за Netscape Communications Corp. но иако тој работел на развивање на прелистувачи тој сепак останал лојален на идејата за развивање на ХТМЛ и негово стандардизирање за глобална употреба.

Почетокот на 1993 — Dave Raggett започнува да создава свој прелистувач[уреди | уреди извор]

Додека Eric Bina и NSCA тимот деноноќно работеле на нивниот прелистувач Mosaic, Dave од Hewlett Packard Labs. работел на неговиот прелистувач наречен Arena надевајќи се дека во него ќе може да ги прикаже сите новитети кои ги вовел во ХТМЛ.


Април 1993 — Mosaic прелистувачот е објавен[уреди | уреди извор]

Во април 1993 Mosaic интернет прелистувачот е објавен и намент за Sun Microsystems Inc. компјутери, кои биле употребувани за софтверски развој. Microsystems Inc. компјутерите користеле UNIX оперативен систем. Mosaic прелистувачот ги проширил можностите на ХТМЛ, но подоцна голем број на акдемици имале несогласувања во врска со воведените новини бидејќи сметале дека се само за определена намена и не се добро дизајнирани.

Крајот на 1993 — Големите компании ја потцениле важноста на Web[уреди | уреди извор]

Работата на Dave Raggett на новиот прелистувач Арена, напредувала полека од причина што тој самиот работел на неа и немал финансиски средства да најми тим, компаниите како Hewlett Packard сметале дека интернетот ќе биде неуспех односно не верувале дека има иднина во него и поради тоа не биле заинтересирани за инвестирање во развој на интернетот, едноставно биле несигурни дали може да се заработи со помош на интернетот. Уште едно од недоразбирањата било тоа што се сметало дека интернетот односно Хипертекстот е наменет за академици и научници додека пак големите компании сметале дека телефонските компании ќе овозможат глобална комуникација каква што се стремел да обезбеди интернетот. Резулатат на ваквото недоразбирање било тоа што голем број на веб истражувачи немале доволно време да посветат на унапредување на овој нов систем на комуникација, а и исто така имало и голем број на разочарани истражувачи. На Dave Raggett не му преостанувало ништо друго освен дома да продолжи да работи на својата идеја. Подоцна Арена прелистувачот на Dave Raggett бил употребен за развој во CERN.



Мај 1994 — NCSA дава лиценца на Spyglass, Inc. за користење на Арена прелистувачот[уреди | уреди извор]

Во мај 1994 година Spyglass, Inc. потпишува мултимилионски договор со NCSA за дистрибуирање на Mosaic прелистувачот. Во август 1994 Институтот од Илиноис целосно ги отстапува правата за Mosaic прелистувачот на Spyglass, Inc.


Maj 1994 — Првата WWW конференција е одржана во Женева со ХТМЛ + на сцена[уреди | уреди извор]

Иако Although Marc Andreessen и Jim Clark имале комерцијален поглед кон новата технологија WWW организацијата имале поинаква идеја, тие се гледале себе си како создавачи на прекрасна нова технологија од која светот ќе има голема корист. На првата WWW (world_wide_web) конференција во Женева, организирана од страна на CERN, биле присатни 380 учесници од кои најголем дел биле од Европа но имало и од Соединетите Американски Држави. Сигурно помисливте дека Marc Andreessen, Jim Clark и Eric Bina биле таму, но за изненадување не беа. Најголем дел од учесниците биле академици, потоа од Светскиот Институт за Метерологија, меѓународниот Центар за Теоретска Физика итн.
Податотека:Html team.jpg
Од лево кон десно :Joseph Hardin од NCSA, Robert Cailliau од CERN, Tim Berners-Lee од CERN и Dan Connolly.

За време на курсот кој траел една недела биле доделени награди за значајни Веб достигнувања на Marc Andreessen, Lou Montulli, Eric Bina, Rob Hartill и Kevin Hughes. Dan Connolly, кој продолжил да работи на HTML 2 за време на конференцијата презентирал еден свој труд наречен Interoperability, Why Everyone Wins, во кој ја нагласил важноста HTML да биде јасно дефиниран и универзално прифатен. Dave Raggett работел на некои нови идеи за HTML и неговите новитети биле наречени HTML +, со овие новитети се согласиле сите присатни на конференцијата и сметале дека овие новитет треба да претставуваат основа за понатамошниот развој на HTML, односно основата на HTML 3. Dave Raggett заедно со CERN продолжиле да го развиваат Арена прелистувачот.

Септември 1994 — Internet Engineering Task Force (IETF) поставува работна група[уреди | уреди извор]

IETF била составена од голем број на оператори, снабдувачи програмери итн. кои биле поделени во групи специјализирани за определени подрачја како на пример безбедност, мрежи, апликации итн. Овие групи сметале дека Веб технологијата им припаѓа на луѓето, во тоа време била напишана и песна, која одела вака:

The people’s web is deepest red,
And oft it’s killed our routers dead.
But ere the bugs grew ten days old,
The patches fixed the broken code.

Chorus:

So raise the open standard high
Within its codes we’ll live or die
Though cowards flinch and Bill Gates sneers
We’ll keep the net flag flying here.
Работните групи биле отворени за јавноста и секој заинтересиран можел лесно да се придружи и да стане дел од тимот. Тие се состанувале до три пати годишно и на овие состаноци уживале во изработеното и разговарале за иднината на HTML во опуштена атмосфера.

Јули 1994 — ХТМЛ Карактеристики за ХТМЛ 2 се објавени[уреди | уреди извор]

За време на 1993 и раната 1994, голем број на прелистувачи додаваа по некоја ознака во ХТМЛ, и со тоа ХТМЛ јазикот стана лошо дефиниран. За да се расчисти настанатиот хаос Dan Connolly заедно со своите колеги направиле скица на сите ХТМЛ ознаки и ја составиле основата на ХТМЛ 2. Вака дефинираната скица извесно време кружела по интернет, со цел да се оцени од страна на корисниците. Со големо трпение Dan Connolly ги прифаќал сите забелешки од страна на голем број ентузијасти, и притоа убедувајќи ги дека се ќе биде добро со новиот ХТМЛ 2. Dan исто така напишал и DTD (Document Type Definition) еден вид на математички прецизна дефиниција на ХТМЛ 2 јазикот.


Ноември 1994 — Netscape е формиран[уреди | уреди извор]

За време на цела 1993 година, Marc Andreessen очигледно се почуствувал навистина изиритиран од тоа што само бил назначен да работи на проектот Мозаик, наместо да биде одговорен за проектот. По дипломирањето, одлучул да ја напушти NCSA и заминал за Калифорнија каде го сретнал Jim Clark, инвеститор, кој бил веќе добро познат во Силиконската Долина. Заедно ја основале Mozaic Communications, која прерасна во Netscape Communications Corp во ноември 1994 година. Нивниот план бил да направат и да објават нивни сопствен интернет прелистувач. Нивниот прелистувач беше многу успешен, толку многу што некои по грешка мислеа дека Netscape го измислил интернетот. Нивната успешност одеше до таму што и оние кое се потпираа на врски со низок сообраќај, односно тоа се оние кои имаат само модем врска од нивниот персонален компујтер, имаа пристап до интернетот. Тоа беше голема заслуга за компанијата. Следејќи ја шемата, Netscape започнаа со воведување на свој HTML ознаки без претходно да ги тестираат на Интернет. Netscape ретко се појавуваа на големите Меѓународни WWW конференции, но изгледа дека ги воспоставувале HTML стандардите.

1994 — WWW Конзорциумот[2] е формиран[уреди | уреди извор]

Во доцната 1994 WWW конзорциумот е формиран со цел да го дополни потенцијалот на ХТМЛ со развивање на стандарди. Тие биле многу заинтересирани за ХТМЛ. Исто како што оркестарот инсистира да биде составен од најдобрите музичари, исто така и конзорциумот се инсистирало да биде составен од најдобрите програмери. Преводени од страна на Тим Бернерс-Ли ова е листата на некои од членовите на конзорциумот. (1997)

Податотека:Html team2.jpg


Dave Raggett на ХТМЛ — од Велика Британија
Arnaud le Hors на ХТМЛ — од Франција
Dan Connolly на ХТМЛ — Од САД
Henrik Frystyk Nielsen на ХТТП — Од Данска
Håkon Lie на изгледот на страниците — Од Франција
Bert Bos на изгледот на страниците и нивно уредување — Од Холандија
Jim Miller на начини на оценување на Веб — Од САД
Chris Lilley на изгледот на страниците и јазични подршка — Велика Британија
W3 Конзорциумот е основан во лабараторијата за компјутерски науки во Масачусетс, и дел во INRIA Франција. Конзорциумот бил финансиран од голем број на компании меѓу кои биле Digital Equipment Corp.; Hewlett-Packard Co.; IBM Corp.; Microsoft Corp.; Netscape Communications Corp.; и Sun Microsystems Inc.

Во 1995 ХТМЛ е дополнет со голем број на нови ознаки[уреди | уреди извор]

Во 1995 ХТМЛ беше збогатен со голем број на нови ознаки како на пример BGCOLOR атрибут на BODY елементот потоа FONT FACE ознака наменета за уредување на изгледот на страната. Овие нови ознаки се нашле во таканаречената црна книга на конзорциумот поради тоа што тие верувале дека нивна задача е да се грижат за тоа која ќе биде структурата на документите, а не нивниот визуелен изглед.


Март 1995 — Создадена е скицата за ХТМЛ 3[уреди | уреди извор]

Dave Raggett извесно време работел на неговите идеи за ХТМЛ, и конечно успеал да ги формулира и да ги објави како скица на интернет во 1995. Dave вовел нова ознака за внесување на слики во документ FIG за која се надевал дека ќе ја замени IMG ознаката, исто така вовел и ознаки за уредување на изгледот на страниците како што се STYLE и CLASS. Неговата идеја била да им даде слобода на дизајнерите на своите страни да им дадат и малку подобар визуелен изглед. Иако ХТМЛ 3 бил доста прифатен и распространет, не можело да биде ратификуван од страна на IETF. Изговорот бил дека новиот ХТМЛ 3 е премногу голем и полн со новитети. Било едноставно незамисливо да се најде консензус за скица долга 150 страни, па затоа одлучиле да организираат конференција на која сите ентузијасти, програмери, развивачи на прелистувачи ќе се изјаснат за ХТМЛ 3. Во почетокот голем број на создавачи на прелистувачи го подржувале ХТМЛ 3, но до забуна дошло поради тоа што секој ги прифаќал оние ознаки и новитети кои најмногу му одговарале. Се појавиле голем број на прелистувачи кои нуделе подршка за новиот ХТМЛ 3 па дури и некои дополнувања, така што било тешко дали всушност се појавил ХТМЛ 3 или веќе постоел.


Април 1995 — Microsoft Internet Explorer се појавува[уреди | уреди извор]

Првата верзија на интернет Експлорер е најавена од страна на Microsoft Corp. со што Netscape конечно добива конкурент. Прелистувачот на Мајкрософт стана број еден благодарение на новата можност ActiveX на Интернет Експлорер, за да не заостане Netscape воведе додаток за својот прелистувач кој овозможува употреба на ActiveX опцијата. Ваквиот начин на борба трае и ден денеска, да се создаде нешто ново а останатите да се обидуваат да го следат. Во ноември 1995 излезе Интернет Експлорер 2.0 за Windows NT и Windows 98.

Ноември 1995 — ХТМЛ тимот наидува на проблеми[уреди | уреди извор]

Идејата за ХТМЛ тимот беше добра но само како идеја, во реалноста не беше така добро остварливо. Бројот на E-mail соработници секојдневно се зголемувал и достигнал толку голем број што ХТМЛ тимот немал време за програмирање секој ден биле затрупувани со илјадници е — маил пораки. Поради ова заостанувале многу во поглед на создавањето на нови прелистувачи. Додека пак останатите компании немале време да чекаат за секоја новост во ХТМЛ јазикот да се организира дебата. Ноември 1995 — Создавачите на прелистувачи се обединуваат за да состават нова група за развој на ХТМЛ стандарди

Во ноември 1995 година Dave Raggett ги повикал сите претставници на поголемите компании да се обединат. И за негово изненадување прифатиле. Lou Montulli од Netscape, Charlie Kindel од Microsoft, Eric Sink од Spyglass, Wayne Gramlich од Sun Microsystems, Dave Raggett, Tim Berners-Lee и Dan Connolly од W3 Consortium, и Jonathan Hirschman од Pathfinder, сите заедно работеле на создавање на нови ХТМЛ стандарди.


Ноември 1995: Style sheets за ХТМЛ документите започнуват да се применуваат[уреди | уреди извор]

Bert Bos, Håkon Lie, Dave Raggett, Chris Lilley и други од W3 конзорциумот се состанале во Франција и ги поставиле основите на Cascading Style Sheets, целта на овој нов јазик била со помош на еден документ да се уредуваат повеќе ХТМЛ документи односно да се уредува нивниот дизајн.


Февруари 1996 — Одбор за преглед на издавачите на ХТМЛ е формиран[уреди | уреди извор]

Следејќи го успехот од септември 1995 W3 конзорциумот формирал Одбор за преглед на издавачи на ХТМЛ со цел да помогне во создавањето на ХТМЛ стандарди. Овој одбор се состоел од претставници од IBM, Microsoft, Netscape, Novell, Softquad и претставници од W3 конзорциумот. Нивна цел била да се стандардизира ХТМЛ и конечно да се престане со натпреварот помеѓу различните прелистувачи кои сакајќи да постигнат успех на пазарот воведувале голем број на нови ознаки со што само го уништувале ХТМЛ.


Јануари 1997 — ХТМЛ 3,2 е спремен[уреди | уреди извор]

Успех! Во јануари 1997 W3 конзорциумот конечно ги усвојува стандардите за ХТМЛ 3,2, кој исто така бил ревидиран од страна на големи компании за прелистувачи како што се Netscape и Microsoft . Тоа значело дека конечно спецификациите се усвоени и одобрени од наголемите компании кои претставувале клучни играчи на Веб. ХМТЛ 3,2 претставува соединение на ХТМЛ 2,0 ХТМЛ +, ХТМЛ 3. Во ХТМЛ 3,2 се вклучени табели, Applets (мали апликации дизајнирани во Јава), тескт околу сликите, степени, индекси и слично.