Истанбул Парк

Од Википедија — слободната енциклопедија
Истанбул Парк
МестоТузла, Истанбул, Турција
Часовен појасUTC+3
Сместивост125,000[1]
Оддел на ФИА1
Изградбата почналасептември 2003
Отворенавгуст 2005
АрхитектХерман Тилке[2]
Главни настаниФормула 1
Турско Гран При (2005–2011 и 2020)
Мото ГП (2005–2007)
Првенство на ФИА ГТ (2005–2006)
Серија Ле Ман 1000 км Истанбул (2005–2006)
World Superbike (2013)
Светско РХ на Турција (2014–2015)
Мастерс Дојче Туренваген (2005)
ФИА ГТ Првенство (2005)
Гран При трка (2005–денес)
Должина5.338 км
Кругови14
Најбрз круг1:24.770 (Колумбија Хуан Пабло Монтоја, Мекларен-Мерцедес, 2005[3])
средна
Должина3.925 км
Кругови13
Мрежно местоintercitypark.com

Истанбул Парк (турски: İstanbul Park) или Истанбул Отодром — тркачка патека за моторни спортови во областа Тузла во Истанбул, Турција. Патеката била дизајнирана од страна н познатиот архитект на тркачки патеки, Херман Тилке и била официјално пуштена во употреба на 21 август 2005 година. Поранешниот извршен директор на Формула 1, Берни Еклстон, ја нарекол патеката како „најдобра тркачка патека во светот“.[4][5][6] Во моментов со патеката управува турската компанија Интерсити од 2012 година.[7]

Опис[уреди | уреди извор]

Местото на одржување на Големата награда на Турција се наоѓа во преминот на границите на областите Пендик и Тузла од азиската страна на Истанбул, близу до клучката Куртќој на северната страна од автопатот О-4, што го поврзува Истанбул со Анкара. Патеката е во близина на меѓународниот аеродром „Сабиха Ѓокчен“ и е опкружена со шуми и полиња.

Istanbul Park is in a rural area and is paved with tarmac. It has large concrete and gravel run-off areas, large grandstands and a substantial pit building and paddock.
Воздушен поглед на Истанбул Парк

Патеката Истанбул Парк е една од петте покои се возело спротивно од стрелките на часовникот во сезоната Формула 1 во 2011 година. Овој необичен распоред спротивно од стрелките на часовникот доведува до зголемено оптоварување на другата страна на вратот на возачот отколку што би го доживеале во повеќето други патеки.[8]

Патеката е долга 5.338 километри со просечна ширина од 15 метри и опфаќа 2.215 квадратни метри. Патеката има вкупно 14 свиоци со најострите во полупречник од само 15 метри. Вкупното растојание на Големата награда на Турција е 309.356 километри со 58 круга.

Почеток на Големата награда на Турција 2005 година, прва трка во Формула 1 на Истанбул Парк.

Патеката има капацитет за приближно 125.000 гледачи. Главната трибина има капацитет за седење од 25.000 гледачи, со природни трибини на земја и привремени трибини што овозможуваат околу 100.000 луѓе. Зградите на падокот се структури со две нивоа; приземјето резервирано за тркачките тимови, горниот кат служи како области за гостопримство, со дополнителен капацитет за гледање од 5.000 места. На секој крај од падокот, има две 7-катни ВИП кули.

Друг поглед на патеката

Големи настани во автомобилизам[уреди | уреди извор]

Формула 1[уреди | уреди извор]

Првото гран при на Турција се одржало во 2005 година. Како резултат на финансиско несогласување, последното Гранд При на Турција се одржало во 2011 година, и покрај претходните извештаи дека настанот ќе се одржи најмалку до 2021 година. Максималната брзина измерена на Ф1 болид изнесувала 329,5 км на час во 2005 година. Ф1 автомобилите опремени со помали 2,4-литарски V8 мотори (наместо 3,0-литарските V10 од претходните години) достигнале 320 километри на час во 2006 година. Фелипе Маса има афинитет кон оваа трка, со тоа што Бразилецот победил на три од осумте Гран при на ИстанбулПарк, Луис Хамилтон освоил два, а Себастијан Фетел, Џејсон Батон и Кими Рејкенен по една трка.

Истанбул Парк се вратил на Светското првенство во Формула 1 во 2020 година, по деветгодишно отсуство.[9]

Истанбул Парк требало да го замени откажаното ГП на Канада за Светското првенство во Формула 1 во 2021 година.[10]

ГП2[уреди | уреди извор]

Во 2006 година, победник на трката ГП2 бил Нелсон Пике, сепак вистинската битка се водела со Луис Хамилтон, кој на почетокот на трката излетал од патеката и паднал од второто на шеснаесеттото мест. На крај, тој завршил на второто место.

Петнаесет тркачи ја завршиле трката во 2009 година, додека единаесет возачи не биле класифицирани. Победник бил Русинот Виталиј Петров од Барва Адакс, кој се искачил на второто место на шампионската табела со 29 бода пред Жером д’Амброзио со 18 бода, а клупскиот колега на Петров, Ромен Грожан, кој се повлекол од трката, водејќи го првенството со 31 поени.

Мото ГП[уреди | уреди извор]

Мото ГП се одржувало на Истанбул Парк три години помеѓу 2005 и 2007 година. Марко Меландри победил на трките во 2006 и 2007 година, а трката во 2005 година ја добил Кејси Стонер.

Други настани[уреди | уреди извор]

Од 2005 до 2007 година, Истанбул Парк бил домаќин на Светското првенство на туристички автомобили ФИА (2005 и 2006 година), Мастерс Дојче Туренваген (2005 година), Првенството на ФИА ГТ (2005 година), Серија Ле Ман (2005 и 2006 година), како и на Меѓународниот ГТ Опен (2006), Светска серија на Рено (2006) и Формула-Г.

Светски распоред на RX на Истанбулски Парк, користен во 2014-2015 година

Првиот натпревар на Европското првенство во трки со камиони ФИА 2012 година се одржал на 13 мај 2012 година во Истанбул Парк.[11] Светското првенство Супербајк се возел на патеката во 2013 година. Светското првенство во рели-крос на ФИА го организирал Светскиот турнир во Турција на Истанбул Парк во 2014 и 2015 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Intercity İstanbul Park“. intercitypark.com.
  2. „tilke-ac.de“. www.tilke-ac.de.
  3. Dodgins, Tony; Hamilton, Maurice; Hughes, Mark; Kirby, Gordon (8 January 2021). Autocourse 2020-2021. Cheltenham, United Kingdom: Icon Publishing Limited. стр. 280. ISBN 978-1910584-42-2.
  4. „Turkey to keep F1 race until 2021“. 23 April 2007.
  5. „Ecclestone İstanbul Park'ı bırakıyor“. CNN Türk (cnnturk.com). 15 January 2009. Архивирано од изворникот на 2020-10-12. Посетено на 2021-06-01.
  6. „Ecclestone İstanbul Park'ı bırakıyor“. NTV (ntv.com.tr). 4 September 2011.
  7. „Intercity Istanbul Park“. intercitypark.com. Посетено на 10 October 2020.
  8. https://www.autosport.com/f1/feature/10777/how-turkey-was-established-as-tilke-f1-gold-standard
  9. „F1 confirms return of Turkish GP on final 17-race calendar“. ESPN.com (англиски). 25 August 2020. Посетено на 13 November 2020.
  10. „Turkey to replace Canada on 2021 F1 race calendar“. Formula1.com (англиски). 28 April 2021. Посетено на 28 April 2021.
  11. „FIA European Truck Racing Championships - Calendars“. FIA. Архивирано од изворникот на 10 October 2012. Посетено на 11 October 2012.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]