Прејди на содржината

Идриска чипка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Идриска чипка.

Идриска чипка ― вид на чипка која е правена во Идрија со векови и е важен дел од словенечкото културно наследство. Името го добила по гратчето Идрија, главното и најстарото словенечко средиште за изработка на чипка, каде што од 1876 година непрекинато работи познатото училиште за изработка на идриската чипка. Идриската чипка е заштитена со географска ознака со тоа што е запишана на 10 август 2000 година во регистарот на географски ознаки во Канцеларијата за интелектуална сопственост на Република Словенија во Љубљана.[1][2][3]

Идриската тантела се одликува со одреден репертоар на техники за правење чипка, кој со години се надополнува и усовршува, а се одлкикува и со дезени именувани со познати имиња како на пр. „срчковке“, „потонка“, „зибке“,... Најкарактеристична техника на идриската чипка е „рис“ лентата, која традиционално се прави со шест до осум пара намотки. Има разлика меѓу широкиот рис, кој преовладувал за време на австроунгарската монархија, и тесниот рис (исто така наречен „идриски“ рис), кој бил развиен под италијанското влијание во периодот по Првата светска војна.[4]

Историја

[уреди | уреди извор]
Постапка на правење чипка. Закриж, 1954 година.

Идриските чипки од почетокот биле прилично груби и главно биле наменети за средната класа. Чипкарството започнало кон крајот на 17 век, кога работниците почнале да ги губат своите работни места во месниот рудник. Идриските чипки станале познати низ светот во 1875 година, кога Франц Лапајне основал стопанско друштво и продавница за чипка и започнал успешно да ги извезува низ Европа и Америка. Во 1876 година, изработувачите на чипка предводени од Иванка Ферјанчич отвориле чипкарско училиште.

Продажбата на чипка била многу успешна до падот на Австроунгарија, бидејќи идриските чипкачи добиле многу награди, вклучително и меѓународни. За време на Првата светска војна, продажбата нагло опаднала. Кога Италија ја зазела Идрија по војната, и идриската чипка морала да биде прилагодена. Главниот проблем бил што тие морале да се префрлат на сосема нови пазари, бидејќи порано се продавале главно во областа на Германија, а потоа требале да го бараат главниот пазар во Италија. По Втората светска војна, продажбата на чипка продолжила да опаѓа поради опаѓањето на рудникот. За жал, затворено било и професионалното чипкарско училиште во Идрија.

Чипката денес

[уреди | уреди извор]
Везење на дело.

Денес, чипката е продавана првенствено за туризам, а Фестивалот на идриската чипка се одржува секое лето во Идрија.[5] Помладите девојки кои одат во Чипкарската школа најчесто како хоби. Здружението на везачи на идриска чипка од 2003 година се грижи за постојано образование на своите членови и секоја година организира изложби на чипки. На меѓународно ниво е познат главно по успешната семрежна промоција, која почнувајќи од 2020 година се случува пред Велигден и Божиќ.

Интересно е да се забележи дека доста потомци на Франце Лапајнет се трудат да ја зачуваат семејната традиција и воопшто традицијата на идриската чипка, на пр. Дарја Лапајне, Ванда Лапајне, и други.

Неодамна, постигнат е напредок во производството на чипки во соработка со Природно-техничкиот факултет во Љубљана[6] во насока на современа и авторска идриска чипка.

Изработка

[уреди | уреди извор]

Везачите ја прават чипката користејќи шаблони за везење (обликот на чипката е нацртан на нив со молив), кои ги ставаат на була или лежиште за везење (цилиндричен предмет на кој се вметнуваат врвки и кој обично се става во ниска корпа). Везењата се правени со помош на намотки на кои е намотан конецот. За везење потребни се и игла, ножици и потегнувач.

  1. ↑ „Uradni list - Vsebina Uradnega lista“. Посетено на 2 февруари 2023.
  2. ↑ „Uradni list - Vsebina Uradnega lista“. Посетено на 2 февруари 2023.
  3. ↑ „Geografska označba Idrijska čipka“. Посетено на 2 февруари 2023.
  4. ↑ „idrijska čipka“. Tina Koder. Посетено на 2 февруари 2023.
  5. ↑ „Festival idrijske čipke“. Idrija Turizem. Архивирано од изворникот на 8 март 2013. Посетено на 2 февруари 2023.
  6. ↑ „Tina Koder objave“. Tina Koder. Посетено на 2 февруари 2023.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]