Ива Дамјановски
Ива Дамјановски | |
---|---|
Роден/а | Ива Дамјановски 9 јануари 1996 Скопје, Македонија |
Националност | Македонија |
Народност | Македонка |
Образование | Факултет за музичка уметност при УКИМ |
Ива Дамјановски ― македонски музичар (пијанист), композитор и поетеса.
Животопис
[уреди | уреди извор]Родена е на 9 јануари 1996 година во Скопје и е дипломиран пијанист на Факултетот за музичка уметност при УКИМ (2019), класа на проф. Тодор Светиев. Моментално е студент на катедрата за Музикологија, на универзитетот „Università di Trento“, како и на катедрата по Музичка Интерпретација и Композиција на Факултетот за музичка уметност при УКИМ – Скопје, класа на прoф. Марија Ѓошевска.[1][2]
Творештво
[уреди | уреди извор]- Автор е на научната статија „Сценското дело на иднината: современиот перформативен феномен, неговиот развој и комуникација со публиката.“, објавена во четвртото издание на научното списание “Ars Academica” (2016 година).
- Автор е и на трудот ELELORP 76: MUSICA NOVA MACEDONICA. Електроакустичната музика во Македонија, нејзиниот развој и одлика.“, презентиран во рамки нанаучната конференција на 42-то издание на манифестацијата „Струшка Музичка Есен“, издаден во официјалниот зборник на истото (2017 година).
- Дел од организацискиот, режиски и изведувачки тим на серијата концерти „No Hay Banda“ посветени на филмската музика, во соработка со Академската Сцена при Факултетот за Драмски Уметности при УКИМ, Скопје (2017- 2019).
- Таа е организатор, режисер и изведувач на концертните проекти „Монохроматика“ (дел од програмата на манифестацијата „Денови на Македонска Музика“, 2018 ) и „Монолози“ (дел од програмата на фестивалот „Златна Лира“, 2018).[1][2]
- Во 2022 таа настапила како солист на концертот Теремин Вокс Фантазија со Македонската филхармонија.[2][3][4]
Награди и достигнувања
[уреди | уреди извор]Добитник е на наградата на УКИМ за најдобро дипломиран студент на Факултетот за Музичка Уметност во учебната 2018/2019 година, каде работи хонорарно како корепетитор. Таа е дел од експерименталното дуо „Алембик“. Нејзината прва композиција за пијано, „Breath“ е објавена во компилацијата „Klavirsko Nebo 3“, во издаваштво на продукциската куќа „Pop Depresija“.[1][2]
- Во 2021 го реализира и својот солистички концертен проект „Аs we danced we gave substance to shadows“, на кој за прв пат настапува, покрај пијано програмата и со изведба на теремин.[1][2]
- Добитник е на наградата „Игор Исаковски“ за најдобар дебитантски поетски ракопис во 2017 година за стихозбирката „Тие“ (2017, Блесок), кој го добива своето второ и дополнето издание во 2019 година (ПНВ Публикации).[1][2]
- Во 2020 е издадена и нејзината втора стихозбирка „Двоумење“, за која и е доделена наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките Вечери на Поезијата.[1][2] Со оваа награда, таа станала најмлада добитничка на наградата.[5]
- Нејзината поезија е застапена во многу антологии и списанија за книжевност.[1][2]
- Добитник е на првата награда на конкурсот „Антево Слово“ за најдобра необјавена песна (2021), која е дел од Меѓународна поетска манифестација „Анџело ла Векија“ која се остварува во соработка со Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“.[6][7]
- Специјалната награда на меѓународниот натпревар Castello di Duino во Трст, за најдобра необјавена песна со значајна социјална или хуманистичка порака (2021).[1][2]
Учествувала на голем број поетски читања во и надвор од државата, меѓу кои и „Астални Проекции“ и нејзината поезија е застапена во монографијата посветена на поетската манифестација (2019, Бегемот), како и голем број други поетски читања во Скопје. Нејзината наградена книга „Двоумење“ добила две претставувања во Осиек и Нашице во рамки на манифестациите „Денови на македонската култура“ и одбележувањето на 160 години од зборникот на Миладиновци. Нејзината поезија е преведувана на српски, грчки, хрватски, словенечки, англиски, албански, шпански, италијански, бенгалски и романски јазик.[1][2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 1,8 „Ива Дамјановски“. filharmonija.mk.
- ↑ 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 Патчева, М-р Дамјана (31 август-7 септември, 2022 година). „Фауст“. Фестивал на нем и класичен филм. Второ издание: 10–11. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Ива Дамјановски со „Теремин-вокс фантазија" во Филхармонија“. Радио Слободна Европа. Посетено на 2022-10-17.
- ↑ НМ (2022-04-26). „„Теремин-вокс фантазија" во Камерната сала на Филхармонија“. Нова Македонија. Посетено на 2022-10-17.
- ↑ Димков, Тони (5–6 септември 2020). „СВП 2020: Со „Двоумење" Ива стана најмладата добитничка на „Браќа Миладиновци"“. slobodenpecat.mk.CS1-одржување: датумски формат (link)
- ↑ Макфакс (2022-05-19). „Ива Дамјановски e добитник на наградата „Антево слово" 2021/ 2022“. МАКФАКС. Посетено на 2022-10-17.
- ↑ „Ива Дамјановски е добитник на наградата „Антево слово" за 2021/2022“. А1он (англиски). 2022-05-19. Посетено на 2022-10-17.