Тодор Светиев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тодор Светиев
Портрет на Светиев
Роден(а)27 декември 1952(1952-12-27)(71 г.)
Битола
НационалностМакедонец

Тодор Светиев (р. 27 декември 1952 во Битола) — македонски пијанист и универзитетски професор на Факултетот за музичка уметност при Скопскиот универзитет.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Светиев е роден во Битола, каде што започнал музички да се образува. Студиите по пијано ги завршил на музичката академија во Загреб, магистрирал на Факултетот за музичка уметност при Скопскиот универзитет (проф. В. Крпан), а се усовршувал на конзерваториумите во Санкт Петербург и Антверпен.

Како солист и камерен музичар развил богата концертна дејност и настапувал успешно на подиумите како во Македонија така и во други земји каде што реализирал повеќе успешни турнеи. Учествувал на повеќе музички фестивали.

Во неговиот репертоар се вбројуваат дела од најразлични епохи, а премиерно изведувал и голем број на дела од македонски автори. Исто така настапувал со оркестрите на Македонската филхармонија, Камерниот оркестар на МРТВ, Филхармонијата од Бургас, Фестивалскиот оркестар на СОКОМ и други.

Во текот на својата концертна дејност соработувал со голем број истакнати македонски и странски уметници. Остварил и повеќе аудио записи како солист и камерен музичар, кои се издадени на четири компакт дискови.

Добитник е на повеќе награди и признанија меѓу кои се наградите: „Златна Лира" за 1999 година, а во 2014 ја добива „Златна Лира" за животно дело, награди кои ги доделува СМУМ. За концертот одржан на фестивалот „Охридско Лето" каде што настапил како гостин - солист на триото „Цирих“, ја добил наградата „Охридска Изида“ за најуспешен концерт на фестивалот во 1993 година. Во 2015 година ја добил наградата за животно дело во областа на музичката педагогија која ја доделува здружението на „Музичките и балетските педагози на Македонија“.

Светиев повеќе години успешно работи како професор по пијано на Факултетот за музичка уметност при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Како претседател на Сојузот на музичките уметници на Македонија во 2007 година го иницира за првпат одржувањето на фестивалот на СМУМ „Златна лира“ во Скопје и циклусот концерти „Pro musica“.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Факултет за музичка уметност“. Факултет за музичка уметност (англиски). Посетено на 2020-09-27.