Марија Ѓошевска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Марија Ѓошевска - македонска пијанистка и универзитетска професорка.

Животопис[уреди | уреди извор]

Ѓошевска го започнала своето музичко образование во основното музичко училиштеВладимир Арсовски“ во Неготино, додека средното музичко училиште го завршила во ДМУБЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје, во класата на проф. Снежана Анастасова-Чадиковска. Потоа го продолжила образованието на Факултетот за музичка уметност во Скопје, каде дипломирала во 2002 година, магистрирала во 2004 година, а докторирала во 2009 година, во класата на проф. Борис Романов. Во рамките на докторатот, под менторство на проф. Томе Манчев, Ѓошевска го одбранила научниот труд со наслов „Аспекти на влијание на хармонијата врз репродуктивниот процес погледнато низ призмата на делото Соната за пијано D - 960 од Франц Шуберт“. Ѓошевска работи како редовен професор Факултетот за музичка уметност во Скопје, на катедрата по пијано, а истовремено членува во Сојузот на музичките уметници на Република Македонија и во Сојузот на музички педагози на Република Македонија.[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

Како солист и како камерен музичар, Ѓошевска настапила на повеќе меѓународни музички фестивали, како: „Охридско лето“, „Скопско лето“, „Интерфест“, „Хераклејски вечери“, итн., а одржала настапи и во повеќе земји (САД, Англија, Франција, Австрија, Италија, Полска, Чешка, Хрватска, Србија, Бугарија, Молдавија, Турција, итн.). Во Македонија, таа настапувала како солист со Македонската филхармонија, како и со Дубровничкиот симфониски оркестар и Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија при што соработувала со повеќе диригенти (Кристоф Кампестрини, Антон Нанут, Леонид Николаев, Патрик Штруб, Арилд Ремерајт, Јуриј Алиев, Саша Николовски - Ѓумар, Борјан Цанев, итн. Во периодот 2010-2011 година, Ѓошевска учествувала во европскиот проект „Пијано - рефлексија на европската култура“ во чии рамки одржала концерти во пет земји (Франција, Австрија, Полска, Молдавија и Македонија). Исто така, во 2011 година, таа одржала целовечерен рецитал во рамките на францускиот фестивал „Piano Plage“.[1]

Ѓошевска е добитничка на повеќе награди на државни и меѓународни натпревари, како:[1]

  • Прва награда на Републичкиот натпревар по пијано (1992, 1995 и 1998)
  • Финалист на меѓународниот натпревар по пијано во Усти над Лабем, Чешка (1995)
  • Финалист на меѓународниот натпревар во Сенегалија, Италија (1996)
  • Трета награда на Меѓународниот натпревар „Никола Рубинштајн“ во Париз, Франција (1997)
  • Прва награда на натпреварот за полифонија на Факултетот за музичка уметност во Скопје (1999, 2000 и 2001)
  • Наградата „Виртуози“ во категоријата на музички изведувачи (2016)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Шубертова вечер, Марија Ѓошевска (пијано). Скопје: Македонска филхармонија, 2017.