Златна маска (Охрид)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Ископувања[уреди | уреди извор]

При големиот зафат - систематски ареолошки ископувања, конзервација и реставрација на Самуиловата тврдина во Охрид, покрај северниот бедем откриени се поголем број гробови и гробници со различни гробни конструкции кои припаѓале на жителите на античкиот Лихнид - денешен Охрид. Хронолошкиот распон на овие погребувања е од V век пр. н.е. до V век после нашата ера. Најголемиот број гробови припаѓаат на хелинистичкиот период (III - II век пр. н.е.) и се богати со разновиден археолошки материјал (украсени керамички садови, железни, бронзени, сребрени и златни предмети), чиишто карактеристики покажуваат дека исклучително припаѓале на најстариот древномакедонски етнос.

Пронаоѓање[уреди | уреди извор]

Исто така на 30 септември 2002 год., откриена е и гробница со седумдесеттина гробни прилози од разновиден материјал (керамика, ќилибар, стаклена паста, железо, бронза, сребро и злато), а меѓу нив најзначајни и најексклузивни се два: златната посмртна маска и златната ракавица со златен прстен. Ова е епохално откритие за македонската, балканската и европската археологија бидејќи фрла дополнителна научна светлина во разјаснувањето на надалеку прочуената некропола "Требеништа" која се наоѓа кај с. Горенци во близината на Охрид и каде што во првата половина на 20 век, во 1918 година и 1934 година се откриени, исто така, надалеку прочуените четири златни маски (денес две во Белград и две во Софија). Временската припадност на оваа гробница и на сите наоди во неа е 5 век пр. н.е., и е најстаро погребување во рамките на лихнидската некропола.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]


Поврзано[уреди | уреди извор]