Здравец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Цвет на култивиран здравец

Здравец (питом здравец) или лат. Geranium macrorrhizum е растение од семејството Geraniaceae.

Опис на растението[уреди | уреди извор]

Здравецот е зелкасто, повеќегодишно растение до исправено стебло високо до 40 cm. Листовите се на долгите дршки и со лиските изделени на крупни делови. Цветовите се лесно забележливи, со црвени до темноцрвени круни и шилести, со јајчеста форма листови на чашката. Ризомот е добро развиен, крупен со должина 10–15 cm, и косо поставен.

Хемиски состав[уреди | уреди извор]

Ризомот (Geranii macrorrhizi) и надземниот дел (G. herba) на билката најчесто се користат како дрога. Ризомот содржи:

Етаричното масло лесно се губи за време на сушењето, па затоа е најдобро да се користи свежо астение. Има специфичен силен и пријатен мирис, кој потсетува на мешавина меѓу ружа и мускатна жалфија. Поради ова, етеричното масло од здравецот често се користи во козметиката.

Се одгледува како украсна билка во градина.

Лековити својства[уреди | уреди извор]

Поради високото присуство на танин, здравецот пред сè, се користи во народната медицина за смирување на воспалена кожа и слузокожа. Помага при несоница, бидејќи ги успорува активностите на организмот, и го продолжува сонот. Има благо смирувачко дејство, и се користи за смирување на нервозна работа на срцето.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Гостушки, Р: Лечење лековитим биљем, Народна књига, Београд, 1979.
  • Грлић, Љ: Енциклопедија самониклог јестивог биља, Аугуст Цесарец, Загреб, 1986.