Здравци
Изглед
| Здравци | |
|---|---|
| Елементи на Erodium cicutarium (илустрација) | |
| Научна класификација | |
| Царство: | Растенија |
| Оддел: | Скриеносеменици |
| Класа: | Дикотиледони |
| Ред: | Здравцовидни |
| Семејство: | Здравци Juss. |
| Родови | |
Здравците (науч. Geraniaceae) сочинуваат фамилија на цветни растенија каде припаѓа и родот Pelargonium, род на многу украсни саксиски растенија.
Постојат околу 800 видови во фамилијата кои се распоредени во 7 до 10 родови, според податоците на Кралските ботанички градини. Најбројни родови се Geranium (со 430 вида), Pelargonium (со 280 вида) и Erodium (со 80 вида).
Повеќето видови се наоѓаат во умерените или топлоумерените региони, иако некои се тропски. Центарот на распространување на родот Pelargonium е во Кепскиот регион во Јужноафриканската Република, каде постои голема вегетативна и флорна разновидност.