Прејди на содржината

Замок на бретонските војводи

Координати: 47°12′57″N 1°33′0″W / 47.21583° СГШ; 1.55000° ЗГД / 47.21583; -1.55000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Замок на бретонските војводи
Château des ducs de Bretagne
Нант, Лоарски Крај, Франција

Поглед на замокот од птичја перспектива
Тип Утврден замок
Координати 47°12′57″N 1°33′0″W / 47.21583° СГШ; 1.55000° ЗГД / 47.21583; -1.55000
Изграден 1207, обновен 1466
Изградил Ги де Туар, Војвода од Бретања
Во употреба 1207 - 1862
Тековна
состојба
Реставриран
Тековен
сопственик
Градот Нант
Отворен за
јавноста
Да
Под управа на Бретања до 1532, оттогаш Франција
Настани Нантски едикт

Замок на бретонските војводи (француски: Château des ducs de Bretagne) — голем замок што се наоѓа во градот Нант во департманот Атлантска Лоара во Франција; бил седиште на историската провинција Бретања до нејзината поделба во 1956 година. Се наоѓа на десниот брег на Лоара, која порано ги полнела нејзините ровови. Замокот бил резиденција на војводите од Бретања помеѓу 13 и 16 век, потоа станал бретонска резиденција на Француската Монархија.

Замокот е заведен како историски споменик од страна на француското Министерство за култура од 1840 година Денес во замокот се наоѓа Историскиот музеј на Нант.

Реставрација

[уреди | уреди извор]
Влезот како што изгледал помеѓу 1890 и 1905 година

Почнувајќи од 1990-тите, градот Нант почнал програма за реставрација и поправки за да му ја врати на местото поранешната слава како амблем на историјата на Нант и Бретања. По 15 години работа и три години затворање за јавноста, повторно бил отворен на 9 февруари 2007 година и сега е популарна туристичка атракција.

Обновената градба сега го вклучува новиот Историски музеј на Нант, сместен во 32 соби на замокот. Музејот претставува повеќе од 850 колекционерски предмети со помош на мултимедијални уреди. Замокот и музејот се обидуваат да понудат модерна визија за наследството преку презентирање на минатото, сегашноста и иднината на градот. Ноќното осветлување на замокот дополнително го засилува заживувањето на местото.

Кружна прошетка од околу 500 метри по утврдените бедеми нуди поглед не само на зградите и дворовите на замокот, туку и на градот.

Седум дела на музејот

[уреди | уреди извор]
  • Замокот, Нант и Бретања во 17 век,
  • Нант, ќерка на реката и океанот,
  • Трговијата и црното злато во 18 век,
  • Нант во Револуција,
  • Колонијално и индустриско пристаниште (1815–1940),
  • Се обликува новиот град (1940–1990),
  • Голем град на Атлантикот, денес и утре.

Изложбата завршува со визија на градот, мултимедијална креација на современ уметник, која го зафаќа целиот простор на 32-та просторија. Пјерик Сорен е првиот гостин уметник.

Осветлување на замокот

[уреди | уреди извор]

Ноќното осветлување ја истакнува архитектонската сложеност на местото во урбан контекст. Осветлувањето било дизајнирано од Силви Сиг и Пјер Негр од Ателје Лимјер (Atelier Lumière) и ја освоило наградата за осветлување (Light Originator Price) на трофејот Lumiville 2007 година.

Историскиот музеј Нант во 2020 година

[уреди | уреди извор]

На 12 октомври, откако било побарано од кинеските власти да не ги користи зборовите „Џингис Кан“ и „Монголија“, Историскиот музеј на Нант го прекинал изложбениот проект посветен на историјата на Џингис Кан и Монголското Царство во партнерство со кинески музеј. Директорот на музејот во Нант, Бертран Гије, вели: „Донесовме одлука да ја прекинеме оваа продукција во име на човечките, научните и етичките вредности што ги браниме во нашата институција“.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Beauvallet, Ève. „Nantes History Museum resists Chinese regime censorship“. Archyde. Архивирано од изворникот на 12 October 2020. Посетено на 12 October 2020.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

Галерија

[уреди | уреди извор]
Дворот на замокот, од лево кон десно; le Grand Gouvernement, која служела како резиденција на владетелите на Бретања, инаку позната како Palais Ducal ; La Conciergerie, моментално куќа на домарот, но првично таму бил сместен поручникот на војводата, а потоа арсеналот на оружје на замокот; Le Harnachement, исто така користен за складирање на артилериско оружје, сега изложбен центар; Le Petit Gouvernement, поранешниот дом на кралот на Франција при неговите посети на Нант; и на страна, Les Murailles Extérieures, ѕидините на замокот. Во позадината лево се наоѓа катедралата Свети Петар и Павле
Влезот на замокот
Панорамски поглед на дворот