Живко Козар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Живко Козар
Роден 24 септември 1931
Скопје, денес Македонија Македонија
Починал 30 декември 2013
Битола, Македонија Македонија
Занимање карикатурист

Живко Козар (Скопје, 24 септември 1931 - Битола, 30 декември 2013) — македонски карикатурист и долгогодишен соработник на Нова Македонија. Се смета за основоположник на политичката карикатура во Македонија.

Животопис[уреди | уреди извор]

Козар е роден во Скопје, на 24 септември 1931 година, но по потекло е прилепчанец. По завршувањето на Архитектонскиот факултет тој заминал на студиски патувања низ европските земји. Долги години живеел во Прилеп и како архитект бил директор на Заводот за урбанизам во Прилеп. Откако се пензионирал, се преселил да живее во Битола, каде што продолжил да твори на полето на карикатурата, со која почнл да се занимава од гимназиските денови. Козар првата карикатура ја објавил на 18 ноември 1956 година во дневниот весник „Нова Македонија“, на тема и во времето на Суецката криза. Оттогаш објавил илјадници политички карикатури, низ кои ги карикирал светските државници и политичари, творци на политичките настани во светот. Живко Козар никогаш не пројавил посебен интерес за презентирање на своите дела на изложби. За првпат неговите карикатури се претставени во 1978 година на Светската галерија на карикатури во Скопје. Во 1987 година ја отворил својата прва самостојна изложба на политичка карикатура во Клубот на новинарите во Скопје. Починал на 30 декември 2013 во Битола.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]