Жан-Пол Пруст
Изглед
| Жан-Пол Пруст | |
|---|---|
| Жан-Пол Пруст со поранешниот шеф на дипломатијата на Кина Ли Џаосјинг | |
| Државен министер на Монако | |
| На должноста 1 јуни 2005 – 29 март 2010 | |
| Монарх | Алберт II |
| Претходник | Патрик Леклерк |
| Наследник | Мишел Роже |
| Лични податоци | |
| Роден(а) | 3 март 1940 Вас, Сарт, Франција |
| Починал(а) | 8 април 2010 (возр. 70) Марсеј, Франција |
| Партија | Независен |
| Установа | Национална управна школа |
Жан-Пол Пруст (француски: Jean-Paul Proust; 3 март 1940 – 8 април 2010 ) — француски и моначки политичар, поранешен државен министер (шеф на владата) на Монако[1].
Функцијата ја извршува од 1 јуни 2005 (стапил еден месец подоцна од што требало заради смртта на НС Рение III), на која бил назначен три месеци пред тоа од страна на кнезот и француската влада. Како и сите државни министри на Монако, Пруст не израснал и не живеел во Монако.
Пруст долги години држел функции во државни служби. Најважните од нив биле префект на Гваделуп од ноември 1989 до јули 1991 и началник на полицијата на Париз од 2001 до 6 декември 2004.
На 8 април 2010 на функцијата го наследил Мишел Роже.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Бремнер, Чарлс; Кили, Греам (18 ноември 2005). „Отсутните од врвот го расипаа големиот ден на кнезот“. The Times. Посетено на 3 април 2010.[мртва врска] (англиски)
| Политички функции | ||
|---|---|---|
| Претходник Патрик Леклерк |
Државен министер на Монако 2005–2010 |
Наследник Мишел Роже |
|