Ецталски Алпи
| Ецталски Алпи | |
|---|---|
| Највисока точка | |
| Врв | Вилдшпице |
| Надм. височина | 3774 м |
| Координати | 46°53′49″N 10°52′31″E / 46.89694°N 10.87528°E |
| Географија | |
| Земји | |
| Координати | 46°45′N 10°55′E / 46.75°N 10.92°E |
| Матичен венец | Централни Источни Алпи |
| Се граничи со | Штубајски Алпи |
Ецталски Алпи (германски: Ötztaler Alpen; италијански: Alpi Venoste) — планински венец во масивот Централни Источни Алпи, сместени во сојузната покраина Тирол, јужна Австрија, и покраината Јужен Тирол, северна Италија.
Географија
[уреди | уреди извор]Ецталските Алпи се наоѓаат во долината на Ецтал, странична долина на реката Ин, југозападно од Инсбрук, Австрија. Една дел од врвовите ја создаваат границата помеѓу Австрија и Италија.
Ецталските Алпи се граничат со Решенски превој (1.504 м) на запад и реката Ин на северозапад и на север. На исток, венецот е одделен од Штубајските АЛпи од Ецталер Ахе во Ецтал, Тимелсјох (2.474 м) и реката Пасер во истоимената долина. На југ и југозапад, венецот е ограничен од длабоката долина на реката Еч, тука позната како Финшгау.
Во септември 1991 година, Еци, т.н. „Леден човек“ бил пронајден на Хауслабјох помеѓу врвовите Финајлшпице и Зимилаун.
Врвови
[уреди | уреди извор]Највисоката точка на Ецталските Алпи е Вилдшпице (3.774 м)[1], што е исто така втор највисок врв во Австрија (зад Гросглокнер). Вилдшпице е еден од неколкуте врвови кои се наоѓаат северно и североисточнот од главниот венец.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Höhe laut ÖK50 http://www.austrianmap.at/ Архивирано на 26 август 2008 г.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Ецталски Алпи на Ризницата ?
|