Етнолингвистика, понекогаш именувана и како културна лингвистика,[1] е поле на лингвистиката кое се занимава со проучување на односот меѓу јазикот и културата, и начинот на кој различни етнички групи го гледаат светот. Ова е комбинација на етнолигија и лингвистика.
Етнолингвистиката го проучува начинот на перцепцијата и концептуализацијата и нивното влијание врз јазикот, и покажува како ова е поврзано со различни култури и општества. Пример за ова е начинот на кој просторната ориентација е изразена во различните култури.[2][3]
Култураната лингвистика — поим со кој се означува сродно поле на лингвистиката која го истражува односот меѓу јазикот, културата и концептуализацијата.[4] Културната лингвистика се повикува на, но не е ограничена со, теоретската претстава и аналитичките алатки на когнитивната лингвистика и когнитивната антропологија. Централните елементи на пристапот се културната шема и културниот модел. Тоа испитува како различни карактеристики на јазикот кодираат шеми и културни модели.[5] Во културната лингвистика, јазикот се гледа како доста вкоренет во групното ниво, културната когниција на говорната заедница.