Енергетика во Турција

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Местоположба на Турција
Ветроелектрана во Турција

Енергетиката во Турција — опфаќа производството, потрошувачка и увозот на енергетика и електрична енергија во Турција. Турција троши повеќе од 6 џули на примарна енергија годишно[1], преку 20 мегават часови по човек. 88% од енергијата е од фосилни горива[2], а енергетската политика на Турција вклучува намалување на увозот на фосилни горива, што е една четвртина од увозните трошоци[3]. Од 2016 година, емисиите на стакленички гасови од страна на Турција изнесуваале 6,3 тони годишно[4], повеќе од глобалниот просек[5].

Преглед[уреди | уреди извор]

Од 1990 година годишната потрошувачка на примарна енергија се зголемила речиси трикратно на 1700 TW/h во 2016 година; вклучувајќи и 31% нафта, 28% гас и 27% јаглен[6], и емисиите на CO2 од согорувањето на горивото се зголемиле од 130 мегатонни (Mt) до 340 Mt[7]. Речиси сите фосилни горива освен лигнитот (кафеав јаглен) се увезуваат. Турската енергетска политика има приоритет да го намали увозот.

Електричната енергија е генерирана главно од јаглен, гас (околу една третина) и хидро (околу една четвртина) со мала, но растечка количина од други обновливи извори како што се ветер и сончева енергија[8]. Нуклеарната централа е во изградба.

Извори[уреди | уреди извор]

Јаглен[уреди | уреди извор]

Турција произведува големо количество лигнит, и речиси целиот се употребува во електраните[9], кои предизвикуваат големи количества на јаглероден диоксид со релативно ниско ниво на ефикасност. Владата субвенционира електрични централи на јаглен и покрај влијанието на индустријата за јаглен врз животната средина.

Гас[уреди | уреди извор]

Годишната побарувачка за гас изнесува 50 милијарди кубни метри[10], над 30 отсто од вкупната побарувачка на енергија во Турција, а половина од нив се снабдува од Русија[11]. Сите 81 провинции во Турција се снабдуваат со природен гас[12], кој обезбедува најголем дел од топлината[13].

Поголемиот дел од гасот од Русија доаѓа преку нафтоводот Син поток, но Турски поток се очекува да почне со работа во 2019 година. Иранскиот гас доаѓа преку нафтоводот Тебриз-Анкара. Азербејџан ја снабдува Турција преку Трансанатолскиот гасовод (за кој тврдат дека е најевтин што Турција го купува[14]) и гасоводот Јужен Кавказ. Ирак, исто така, може да снабдува со гас во иднина, преку Јужниот гасен коридор [15]и гас од источниот Медитеран исто така е можност[11].

Од 2019 година само мал дел од увозот на гас повторно се извезува во ЕУ. Сепак, Турција има за цел да стане трговски центар за гас[16] и да извезува повеќе[10]. Државниот БОТАШ контролира 80% од пазарот[17]. 91 mt CO2 се испуштиле од согорување на природен гас во 2015 година[18], но субвенциите за гасни електрани намалиле за во 2019 и 2020 година.

Нафта[уреди | уреди извор]

Речиси целата нафта се увезува: претежно од Ирак, Иран и Русија[19] и нафтата, исто така, транзитира од Азербејџан[20].

Нуклеарна енергија[уреди | уреди извор]

Турција нема оперативни нуклеарни реактори, но гради нуклеарна централа и се очекува да биде заршена во 2023 година.

Обновлива енергија[уреди | уреди извор]

Хидроелектричната енергија во Турција е најголемиот обновлив извор на електрична енергија, но соларната енергија изгледа веројатно брзо да се зголеми. Моќта на ветерот во Турција е главно на запад. Геотермалната енергија во Турција се користи главно за греење.

Со масовно зголемување на производството на соларна енергија на југ и енергијата на ветерот на запад Турција би можела да ја исполни целата предложена побарувачка за енергија од обновливи извори од 2020 година[21].

Електрична енергија[уреди | уреди извор]

Секоја година во Турција се користи околу 300 TWh електрична енергија, што е речиси една петтина од износот на примарна енергија во Турција. Бидејќи секторот за електрична енергија во Турција согорува голем број на локален и увезен јаглен, најголем извор на емисии на стакленички гасови од страна на Турција е централите на јаглен во земјата, од кои многу се субвенционирани. Увозот на гас, главно за централи во Турција, е главниот увозен трошок за економијата на Турција. Сепак, соларната енергија во Турција и ветерната енергија во Турција се зголемуваат и избалансираат со постојната хидроенергија на земјата.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. OECD (2019), section 1.
  2. OECD (2019), section 1.
  3. "Turkey's energy import bill up 2.7 pct in Feb. 2019". Anadolu. 29 March 2019.
  4. "Turkey's greenhouse gas emissions up 4.4% in 2016". Anadolu.
  5. "Who emits more than their share of CO₂ emissions?".
  6. "Total Primary Energy Supply (TPES) by source:Turkey". IEA. Посетено на 24 October 2018.
  7. "CO2 emissions Turkey". IEA. Посетено на 24 October 2018.
  8. "Electricity generation by fuel: Turkey". IEA. Посетено на 24 October 2018.
  9. "Overview of coal in Turkey and environmental precautions" (PDF). TKI. Посетено на 24 October 2018.
  10. 10,0 10,1 "From A Pipeline Nation To An Energy Trading Hub". Посетено на 26 October 2018.
  11. 11,0 11,1 "TURKSTREAM IMPACT ON TURKEY'S ECONOMY AND ENERGY SECURITY" (PDF). "Istanbul Economics" & "The Center for Economics and Foreign Policy" - EDAM. Посетено на 26 October 2018.
  12. "Natural Gas Distribution". Gazbir. Посетено на 27 September 2018.
  13. "Turkey: Electricity and heat for 2016". IEA. Посетено на 24 November 2018.
  14. "TANAP gas to provide cheapest among Turkey's imports". Daily Sabah. 30 May 2018.
  15. "Azerbaijan offers Iraq access to Europe gas pipelines". Agence France Presse.
  16. "EXIST To Open Spot Natural Gas Market At End Of Year".
  17. "Turkish households consumed cheapest natural gas in Europe in 2017". Daily Sabah. 12 August 2018.
  18. "CO2 emissions from fuel combustion" (PDF). International Energy Agency. Посетено на 26 October 2018.
  19. "Turkey's crude oil imports from Iran down by more than 70 pct in June". 19 August 2018.
  20. "Turkish energy sector hit by lira depreciation: MUFG research". S & P Global. 7 August 2018.
  21. "How is 100% Renewable Energy Possible for Turkey by 2020?" (PDF). Global Energy Network Institute.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]