Енгелхолм

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Енгелхолм
Ängelholm
Стариот суд во Енгелхолм
Стариот суд во Енгелхолм
Енгелхолм се наоѓа во Шведска
Енгелхолм
Координати: 56°15′ СГШ 12°51′ ИГД / 
Земја Шведска
Покраина Сканија
Округ Сконе
Општина Енгелхолм
Површина[1]
 • Вкупна 12,83 км2
Население (31 декември 2010)[1]
 • Вкупно 23.240
 • Густина 1.811/km2
Часовен појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)

Енгелхолм (шведски: Ängelholm) — град во округот Сконе, Шведска и административен центар на општината Енгелхолм. Населението брои 23.240 жители (2010).[1]

Местото е познато по т.н. „глинени кукавици“, кои претставуваат посебен вид на окарина.

Најважна стопанска гранка е туризмот, поради блиската песочната плажа долга 6 км. Подрачјето е привлечно за едрење, јавање бранови и едрење на даска поради поволните ветришта во заливот Шелдервикен.

Во градот се наоѓа фабриката за сладолед „Engelholms Glass“, со годишно производство од 1,2 милиони литри.

Од особен интерес за посетителите претставува Спомен-музејот на НЛО.

Историја[уреди | уреди извор]

Старото населено место во ова подрачје е Ринестад, споменато околу 1600 г. Новото место е прогласено за град во во 1516 г. со повелба од данскиот крал Кристијан II, но со векови останал мошне мал. Со Роскилдскиот мировен договор во 1658 г., Енгелхолм и остатокот од Сканија прешол од данска во шведска сопственост. Местото бележи позначаен раст со индустрализацијата во XIX век. До 1883 г. во него имало касарна, а од 1941 до 2002 г. имало воздухопловна база. Денес базата е напуштена, а во неа е сместен производителот на суперавтомобили Koenigsegg.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]


Шаблон:Сконе (округ)