Електролуминисценција
Изглед

Електролуминисценцијата се дефинира како оптичко-електрична појава кај кого се забележува емисија на светлина од одреден материјал како одговор на електричната струја што минува низ него или како резултат на влијанието на силно електрично поле.
Електролуминисценцијата е резултат на рекомбинацијата на електроните и празните простори во материјалот (кој, по обичај, е полупроводник). Возбудените електрони ја ослободуваат својата енергија во вид на фотони – светлина.
Материјали кои се користат при предизвикувањето на електролуминисценција има многу, но како најтипични меѓу нив се издвојуваат следниве:
- Цинк сулфидот допингуван со одредена количина на бакар или на сребро
- Природниот син дијамант (кој е смеса на јаглерод и бор; може да се користи и било кој вид на дијамант со борот како допингувач)
- Полуспроводниците кои се резултат на сврзување на елементи од III и V група: InP, GaAs и GaN.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Преглед на историскиот развиток на електролуминисцентниот екран и откривањето на електролуминисценцијата Архивирано на 30 април 2012 г.
- Воведување на електролуминисценцијата во авто-индустријата од страна на американската Крајслер - 8 септември 1959. Архивирано на 12 ноември 2006 г.
- Како работат електролуминисцентните направи на Крајслер корпорацијата. Архивирано на 15 септември 2007 г.
![]() | Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|