Електрана

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Геотермална електрана на Исланд.

Електрана или централа — систем за производство на електрична енергија. Во електраните енергијата не се создава, туку се претвора од одреден облик во електрична енергија.

Видови електрани[уреди | уреди извор]

Според видовите на електрична струја, електраните може да бидат:

Во зависност од видот на изворот во кој примарната енергија се претвора во електрична, разликуваме;

Во термоелектрани, каде хемиската енергија се претвора во електрична, во зависност од видот на гориво кое се употребува, се вбројуваат: нуклеарна електрана или атомска електрана, електрана на јаглен, електрана на гас (електрана на плин), еизел електрана, итн.

Во хидроелектрани се вбројуваат и електраните на плима и осека и електраните на морски бранови.

Електраните исто така се делат на:

На пример: термоелектраните, кои како извори употребуваат цврсти (јаглен, ураниум), течни (дизел), гасни (природен гас (плин)) горива за свое примарно гориво, спаѓаат во електрани со необновливи извори на енергија; додека, хидроелектраните, сончевите електрани и ветроелектраните спаѓаат во електрани со обновливи извори на енергија.

Видови на енергија во природата[уреди | уреди извор]

Енергијата постои околу нас во различни облици. Најчесто ја опишуваме како хемиска енергија, топлинска енергија, светлосна енергија, механичка енергија, електрична енергија и нуклеарна енергија или атомска енергија. Во пракса најчесто се користи електрична енергија заради особината лесно да се претвора во друг облик на енергија на кое било место, на пример: механичка, топлинска, хемиска енергија, светлосна и енергија на зрачење.

Нуклеарна електрана во Катеном во Франција

Предности на електричната енергија[уреди | уреди извор]

Предност на електричната енергија на наизменична струја е што може лесно и без претерано големи загуби да се пренесува преку електрична мрежа на мали (низок напон) и голема оддалеченост (висок напон) од местото на произведство до местото на користење. Следна предност е што наизменичната струја едноставно и ефикасно може да се трансформира напонот во зависност од саканата далечина на пренос.

Исто така предност е што на местото на користење лесно може да се трансформира во сите погодни облици на енергијата со помош на едноставни електрични уреди.

Електричните уреди за својата работа користат електрична енергија па мораат да бидат приклучени на некој извор на електрична енергија. Поединечни електрични уреди се приклучени на извор на електрична енергија во вид на батерија или акумулатор, додека повеќето уреди се приклучени преку електрична мрежа на електрана на наизменична струја.

Структура на електрана[уреди | уреди извор]

Главни (направи) во наизменичните електрани се: турбина и генератор.

Турбината е уред (направа) со која кинетичката енергија на текот на водата или пареата под притисок, се претвора во механичка енергија - со вртење на турбината.

Хидроелектраните користат т.н. водени турбини, а се викаат така бидејќи турбината ја движи водата; додека термоелектраните користат т.н. парна турбина и гасна турбина (плинска турбина). И овие се именувани според материјата која ги движи (пареа и гас).

Електричен генератор, е уред (направа, машина) која ја претвора механичката енергија во електрична. На генераторот се разликуваат два основни дела: дел кој се врти (ротира) - ротор, и неподвижен дел - статор кој е во облик на голем шуплив валјак во кој се движи роторот. Електричен генератор за да „произведува“ електрична енергија потребна му е погонска направа (машина) која ќе го врти неговиот ротор. Вратилото или оската на турбината е директно или индиректно поврзано со вратилото или оската на генераторот на кој се наоѓа роторот. За движење на помали електрични генератори се употребуваат дизел-мотори, гасни турбини и сл. Турбините најчесто се движат на вода или прегреана водена пареа под притисок. Сите електрани кај кои постои термодинамички циклус со водена пареа имаат котелска постројка, која кај нуклеарните електрани се вика нуклеарен реактор, бидејќи процесот на правење на пареа се одвива во реакторот. Освен ова, електраните имаат и трансформаторска постројка која напонт го дотерува на ниво потребно за транспорт на електричната енергија преку далновод.

Изглед на една електрана од 1930 година

Види уште[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]