Прејди на содржината

Елеазар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Цртеж на медалјон со ликот на Елеазар од Promptuarii Iconum Insigniorum (1553) од Гијом Рује

Елеазар (хебрејски: אֶלְעָזָר, „Бог помогнал“) — син на Арон, левитски свештеник и првосвештеник. Неговата жена, ќерка на Футил, му го родила синот Финес. По смртта на Надав и Авију, тој бил поставен на чело на светилиштето.

Тој исполнувал ред функции за време на скитањето по пустината, од создавање на плочите, олтарот од кадилниците на Кореевиот собир, па до извршување на обредот со црвениот јунец.

На планината Хор тој бил облечен во светата одежда, која Мојсеј ја земал од татко му Арон и ја облекол на него како негов наследник во првосвештенството. Тој бил првосвештеник повеќе од 20 години. Заедно со Мојсеј учествувал во броењето на народот, и помагал при стапувањето на должност на Исус Навин.

По освојувањето тој помагал со распределбата на земја. Кога умрел, „го погреба[ле]а во Гибеа [(рид)], што му припаѓаше на неговиот син Финес, а се наоѓаше во Ефремовата Гора“ (Исус Навин 24:33 Архивирано на 8 мај 2008 г.). Ридот на Финес се доведува во врска со денешното село Аварта во самарјанскиот дел од денешниот Западен Брег. Заради несигурната безбедносна ситуација, Израелските одбранбени сили (армијата) им дозволува Евреите да го посетат местото само една вечер годишно, близу до 5 шват (околу јануари-февруари) според еврејскиот календар.

Првосвештенството останало во семејството на Елеазар сѐ до времето на Илија и продолжило да се предава во неговото семејство (Илија бил потомок на Итамар, братот на Елеазар[1]).

Првосвештенството било вратено во Елеазаровото семејство со тоа што подоцна му припаднало на неговиот потомок Садок, откога Соломон го отфрлил Авијатар (пророчено во 1 Самуил 2:30–36 Архивирано на 8 мај 2008 г.; а исполнето во 1 Цареви 2:26–27 Архивирано на 20 септември 2008 г.).

Во православието, Елеазар се слави како светец, и негов ден е 2 септември (стар стил), а тој е исто така и еден од светите прататковци на календарот на светци на Ерменската постолска црква. Негов ден таму е 30 јули.

(Белешка: според Документарната хипотеза, документот Елохист (Е), „Елеазар“ е името на синот на Мојсеј (видете Излез 18:4), кој меѓутоа најчесто се нарекува „Елиезер“).

  1. Јосиф Флавиј (англиски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

Предлошка:Израилски првосвештеници

Претходник
Арон
Првосвештеник на Израел
непознати години
Наследник
Финес