Езеро Очага
| Езеро Очага | |
|---|---|
| Земји во сливот | |
| Населени места | Белград |
Езерото Очага е вештачко езеро на територијата на општина Лазаревац, во околината на Лазаревац,[1] шеесет километри од Белград, од десната страна на Ибарската магистрала.[2] Се наоѓа во рамки на Спортско-рекреативниот центар „Колубара“ и настанало со уредување на површинска девастација на Рударскиот базен за лигнит „Колубара“.[2] Постојат Нова и Стара Очага.[3]
Нова Очага
[уреди | уреди извор]Езерото е направено за капење и има бетонско дно.[1] Длабочината му е 6 метри и има капацитет од околу 6.000 капачи дневно.[4] Во едниот дел се наоѓа уредена плажа со каменчиња.[2] Се снабдува со изворска вода, која секојдневно се филтрира и контролира.[1]
Езерото го краси вештачки гејзер за чија изградба поради променливото ниво на водата се применети атипични решенија. Постојат две олимписки скокалници на по три нивоа[4] и воден тобоган со базен.[5] Во езерото може да се игра ватерполо и кошарка во вода. Во близина се направени и терени за одбојка на песок и мал фудбална трева. За деца постои посебно игралиште направено од природни материјали.[2]
Околу целото езеро има патека за прошетка, уредени зелени површини, големи дабови, околу кои се засадени цветни саксии. Поставени се клупи со маси, како и ресторан,[2] чија градина излегува на брегот на езерото. Пред езерото има одличен паркинг за сите посетители.[6]
Целиот комплекс е осветлен . На платото покрај езерото се одржуваат културни манифестации: концерти, забави, натпревари и сл.,[2] поради што езерото станало еден од центрите на јавниот живот на Лазаречанити.[3] Езерото е особено посетено во летните месеци.[2]
Иако има риби, од најмали, до капитални примероци на тревни крап, риболовот не е возможен, бидејќи рибите служат за воспоставување рамнотежа на екосистемот.[2] Риболов е дозволен само од другата страна на оградата, во езерото Стара Очага.[6]
Стара Очага
[уреди | уреди извор]Езерото Стара Очага се наоѓа во продолжение, северно од Нова Очага. Долго е 800 метри а широко околу 40 метри[7] и има форма на канал.[7] Наоколу се направени банкини, брегот е исчистен, а езерото е исчистено од кал и гранки, така што е исклучително чисто. Вештачки било порибено со крап и амур,[7] а во него живеат и голем број на примероци на бела риба како што се карас, деверика, бодорка.[2] Во околината живеат штркови и чапји.[7]
Езерото е погодно за риболов. Годишната риболовна дозвола може да се набави во просториите на Риболовното друштво „Колубара“ во центарот на Лазаревац, а дневната дозвола може да се купи на самото езеро.[7]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]
- 1 2 3 „24 сата: Скривена излетишта на ободима града, Д. Милићевић“. 24sata.rs. 23 март 2012. Архивирано од изворникот на 27 јули 2013. Посетено на 4 јануари 2013.
- 1 2 3 4 5 6 7 8 9 „Београдска језера: Језеро Очага“. beogradskajezera.com. Архивирано од изворникот на 28 декември 2012. Посетено на 4 јануари 2013.
- 1 2 „Политика: Језера као замућена огледала Београда, Далиборка Мучибабић – Владимир Вукасовић“. politika.rs. 6 мај 2012. Посетено на 4 јануари 2013.
- 1 2 Еколошки билтен: Језеро Очага. pp. 40, април-јун 2012 Архивирано на 13 април 2013 г., Посетено на 4. 1. 2013.
- ↑ Андроид водич: Језеро Очага, Језера и водопади, Крагујевац Архивирано на 4 март 2016 г., Посетено на 4. 1. 2013.
- 1 2 Београдски излети: Језеро Очага, 29. април 20012 Архивирано на 9 јули 2012 г., Посетено на 4. 1. 2013.
- 1 2 3 4 5 „Глас Јавности: Порибљава се Стара Очага“. glas-javnosti.rs. 7 септември 2007. Посетено на 4 јануари 2013.
Литература
[уреди | уреди извор]- Мала енциклопедија Просвета (3 изд.). Београд: Просвета. 1985. ISBN 978-86-07-00001-2.
- Марковић, Јован Ђ. (1990). Енциклопедијски географски лексикон Југославије. Сарајево: Свјетлост. ISBN 978-86-01-02651-3.CS1-одржување: ref=harv (link)