Едвард Зис
Едвард Зис (20 август 1831 - 26 април 1914) — австриски геолог.
Зис бил пионер во проучувањето на процесите на набирање, раседнување и геолошката структура на европските Алпи. Познатата книга на Зис во четири тома „Лицето на Земјата“ (Das Antlitz der Erde, 1885-1909) е напишана како енциклопедиски преглед на планините на Земјата, нивните структури и создавањето, како и историјата на океаните. Прв од геолозите дошол до идеја - подоцна отфрлена - за можноста на постоење копнени мостови што ги соединенуваат континентите Јужна Америка, Африка, потконтинентот Индија и Австралија. Зис тој голем континент од минатото го нарекол Гондвана - името и натаму се користи за означување на некогашиот суперконтинент.
Тој прв го употребил поимот „биосфера“ во 1875 година во своето дело Die Entstehung der Alpen.
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|
- Родени во 1831 година
- Починати во 1914 година
- Никулци за биографии
- Австриски геолози
- Членови на Кралската шведска академија на науките
- Носители на Коплиевиот медал
- Странски членови на Кралското друштво
- Дописни членови на Петербуршката академија на науките
- Почесни членови на Петербуршката академија на науките
- Луѓе од Лондон
- Членови на Баварската академија на науките
- Членови на Пруската академија на науките
- Членови на Американското филозофско друштво
- Членови на Гетингенската академија на науките
- Членови на Торинската академија на науките