Прејди на содржината

Европска бубаќарка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Европска бубаќарка
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
клад: Евдикоти
клад: Астериди
Ред: Лисичинковидни
Семејство: Лисичинки
Род: Бубаќарка
Вид: Европска бубаќарка
Научен назив
Heliotropium europaeum
L.

Европска бубаќарка или обична бубаќарка (науч. Heliotropium europaeum) — вид растение од семејството на лисичинките (Boraginaceae).[1] Домородна е во Европа, Азија и Северна Африка, но денес одомаќинета и на други места како Австралија и Северна Америка. На некои места расте како крајпатна билка[2]. Ова едногодишна билка има вретенест корен и достигнува висина од највеќе 40 см. Стебленцето има овален пресек, а листовите се обраснати со меки влакненца. Соцветијата се завиени шилки од бели цветови со власести или четкести чашкини ливчиња. Секој цвет има пречник од само неколку милиметри. Плодот е ситна џумкава јатка.

Отровност

[уреди | уреди извор]

Растението е отровно и содржи пиролизидински алкалоиди.[3]

Во Македонија

[уреди | уреди извор]

Широко распространето растение, живее во низини, и на повисоки места до 1000 метри надморска височина. Се развива на камењари и брдски пасишта, покрај патишта и на рудерални места.

Расте во Скопје, Гази Баба, Сарај, Жеденска Клисура, Рашче, Катлановска Бања, Куманово, Старо Нагоричане, Велес, Иванковци, Овче Поле, Штип, Пробиштип, Кочани, Кратово, Прилеп, Плетвар, Кавадарци, Стар Дојран, Мрдаја, Сува Гора: Челопек, Македонски Брод, клисурата на Црна Река: меѓу Доленци и Железнец, Струга, Охрид, Пештани, околу реката Вардар кај Велес, Охрид, Западна Преспа, Струмичко, Крива Паланка, и други места.[4]

  1. ↑ „Heliotropium europaeum“. Служба за заштита на природните ресурси при USDA — база PLANTS. Посетено на 19 јануари 2016.
  2. ↑ „Прилог 9. Список на растенија во коридорот на автопатот Блаце – Скопје. Студија за ОВЖССА“ (PDF). Јавно претпријатие за државни патишта.
  3. ↑ The MERCK Veterinary Manual, Table 5 Архивирано на 17 ноември 2010.
  4. ↑ Владо Матевски: Флора на Република Македонија, том II, св. 1, стр. 79, издавач: МАНУ, Скопје, 2010

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]