Дрвовиден дебелец
Изглед
Дрвовиден дебелец | |
---|---|
Научна класификација [ у ] | |
Царство: | Растенија |
клад: | Скриеносеменици |
клад: | Евдикоти |
Ред: | Каменоломковидни |
Семејство: | Дебелци |
Род: | Дебелец |
Вид: | Дрвовиден дебелец |
Научен назив | |
Crassula arborescens (Mill.) Willd.[1] | |
Природно живеалиште |
Дрвовиден дебелец (науч. Crassula arborescens) ― вид на сочник од семејството на дебелците (Crassulaceae). Тоа е ендемично растение на Западен Кејп, ЈАР. Опфаќа 0,6 до 1,2 метри во вид на сукулентна грмушка. Има кружни сиви листови кои наликуваат на парички. Цвета во зима, со бели до розови цветови.[2][3] Се одгледува како украсно растение во градини со суви услови, сукулентни градини и во монтажни градини. Погоден е и за одгледување во затворен простор како собно растение.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Дрвовиден деблец во Ботаничката градина на ПМФ во Скопје.
-
Во природно живеалиште, Западен Кејп, ЈАР
-
Во природно живеалиште, Западен Кејп, ЈАР
-
Листови
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Crassula arborescens“. The Plant List. Посетено на 21 септември 2016.
- ↑ „Crassula arborescens | PlantZAfrica“.
- ↑ San Marcos Growers - Plant Database: Crassula arborescens.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Дрвовиден дебелец на Ризницата ?
|