Ботаничка градина - Скопје

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ботаничка градина на Институтот за биологија
Карта
ВидБотаничка градина
МестоСкопје, Македонија
Површина14 хектари
Создаден1951 (1951)
Отворенда

Ботаничката градина - Скопјеботаничка градина на Институтот за биологија на Природно-математичкиот факултет во Скопје, Македонија. Градината зафаќа простор со површина од 14 хектари.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Подготовките за создавањето на Ботаничката градина започнале во 1948 година, додека во 1951 година била службено отворена.[1]

Во периодот од 1970 до 1989, Ботаничката градина одржувала голема семенска збирка и го издавала каталогот на семиња „Delectus seminum“ со кој вршела размена на семиња со други ботанички градини од Европа. Во 1977 година таа се издвоила како самостојна работна единица во состав на Заводот за ботаника, од кога и датира името Завод за ботаника со Ботаничка градина.[2]

Во 2000 година започнала изградбата, а следната година била завршена градбата за аклиматизација, одгледување и размножување на ендемични, реликтни, ретки и лековити растенија од флората на Република Македонија, со финансиска помош од Министерството за животна средина на Македонија. Во 2006 година било створено систематски полиња, кое е во функција на проектот за зачувување и одржливо користење растителни генетски ресурси.[1]

Во 2017 година започнале активностите за подновување на стакленикот со финансиска поддршка од Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ) Програма за мали грантови (ПМГ) - Република Македонија.

Во 2020 година бил реконструран малиот стакленик со помош на Словачката амбасада и била направена летна училница со помош на Француската амбасада. Дополнително, Амбасадата на Германија обезбедила финансиска помош за лабораторијата.

Во 2021 година е реконструирана градбата за аклиматизација на ретки и ендемични видови со финансиска поддршка на Партнетскиот фонд за критичен екосистем (CEPF). Периодот 2021-2022 во тек била правена урбана градина со три оранжерии, надземни леи за лековити, ароматични, зачински и градинарски растенија. Урбаната градина била преку помошта на ГЕФ ПМГ - Република Македонија.

Главни раководители во поновата историја на заводот биле: проф. д-р Љупчо Меловски (2005‒2009), проф. д-р Митко Костадиновски (2011‒2013) (2013‒2016 г.), доц. д-р/проф. д-р Рената Ќуштеревска (2016[2]‒2020) и проф. д-р Славчо Христовски (2020-).

Особености[уреди | уреди извор]

Градината зафаќа простор со површина од 14 хектари, кој го има отстапено управата на Градскиот парк во Скопје.[1] Градината содржи дендропарк со над 400 дрвенести растенија. Располага со два стакленици со површина од 120 м2, во кои се сместени 500 различни растенија од пустински, суптропски и тропски подрачја. Градината има посебна градба за заштита и одгледување на ретки, реликтни и ендемични растенија на територијата на македонската држава. Има и семенска збирка од домородни растенија и градби за лековити, ароматични и зачински растенија.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Ботаничка градина“. Институт за биологија. Архивирано од изворникот на 26 февруари 2021. Посетено на 15 февруари 2022.
  2. 2,0 2,1 „Историјат“. Институт за биологија. Архивирано од изворникот на 26 февруари 2021. Посетено на 15 февруари 2022.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]